ФЕРНАНДО АЛОНСО:"Јас би сакал да ја завршиме сезоната и мојата кариера во Рено со голем резултат. Тоа ќе биде една емотивна трка, бидејќи имам толку многу убави спомени со овој тим и оставам зад себе голем број на пријатели. Рено е еден од најголемите тимови во Формула 1 и јас со нетрпение очекувам да се борам со нив, на патеките во наредните години. "
БОБ БЕЛ:
"Тој беше од огромен придонес за тимот, особено освојувајќи ги две светски првенства во 2005 и 2006 година, па тој ќе ни недостига многу. Често се вели дека тој е најдобриот возач на патеките, затоа ние сме разбирливо тажни поради крајот на нашата многу успешна врска. Но, сите ние сме среќни што ни доаѓа Роберт Кубица во тимот, кој верувам дека брзо ќе се покаже дека е од истиот калибар како Фернандо. Тој е силен тимски играч, голем мотиватор и неверојатно брз, па ние имаме многу да очекуваме, бидејќи тимот влегува во нова ера. "
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment