ПРВ РАБОТЕН ДЕН НА АЛОНСО ВО ФЕРАРИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

07 November 2009

ПРВ РАБОТЕН ДЕН НА АЛОНСО ВО ФЕРАРИ

Алонсо допатувал рано утринава, кратко по осум часот. Првиот ден во "Gestione Sportiva" поминал во запознавање на неговиот нов тим, иако договорните обврски на Алонсо спрема Ферари сеуште не се официјално започнати. Се ова поради тоа што тој сеуште е обврзан со неговиот поранешен тим и неговите спонзори.

Првиот состанок го имал со Стефано Доменикали, како и со техничарите што работат на програмата за следната сезона. Помеѓу состаноците за нацртот на новиот автомобил, го посетил водушниот тунелот за аеродинамика за да го види моделот за идната година, како и работната станицата за дизајн на пилотската кабина. Денот завршил нешто малку по 17 часот. Пред да замине од Маранело, Алонсо беше примен од претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеземоло, кој сакал лично да го поздрави. Средбата минала во една многу пријатна атмосфера и траела околу половина час.

Единственото интермецо овој ден, биле неколкуте кругови на патеката во Фиорано, Италија со Ферари 458, се разбира црвено. Бидејќи болидот на Формула 1 не бил подготвен Фернандо сакал да ја доживее возбудата од возење Ферари на патеката каде што тој автомобил се раѓа и израснува.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here