
Новиот Формула 1 тим ЛОТУС ги објави идентитетот на своите возачи за 2010. Едното место е резервирано за Јарно Трули, додека второто место е за Хејки Ковалаинен.
***************
ФИА го претстави новиот начин на бодување за следната сезона. Со новиот систем на бодување за 2010 победникот ќе добива 25 бода, второпласираниот 20, третиот 15, останатите бодови ќе се расподелуваат по следниот редослед 10-8-6-5-3-2-1, заклучно со 10-тото место.
***************
Претседателот на Мекларен Мартин Витмарш е изгласан како наследник на Лука ди Монтеземоло како претседател на Асоцијацијата на Формула Еден Тимови (ФОТА). Претседателот на Ред Бул Ф1, Кристијан Хорнер е избран за претседател на Работната група за Спорт, а Рос Браун како шеф на нејзината Работна Група за технички прашања.
Тимовите едногласно ги одобриле плановите за заедничка промоција на болидите, што ќе се одржи во Валенсија за време на последниот викенд од месец Јануари 2010.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment