НОВОСТИ ВО Ф1 ПРАВИЛАТА ЗА 2010 - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

24 January 2010

НОВОСТИ ВО Ф1 ПРАВИЛАТА ЗА 2010

ГОРИВО
Најголемата промена за оваа сезона е забраната за надолевање гориво за време на трките, правило кое се воведува за прв пат од 1993 година. Но, Пит-Стоповите нема да станат спомен од минатото, бидејќи возачите се уште мораат да ги искористат и двата типа на гуми за време на една трка. Се разбира, сега застанувањата ќе бидат многу пократки, многу веројатно под четири секунди.

Оваа забрана бара промена на резервоарите на болидите, т.е. тие ќе имаат многу поголеми резервоари за гориво (зголемување од околу 80 литри на нешто близу 250). Ќе има големо влијание врз стратегија за трката, возачи ќе мора повеќе да внимаваат на гумите и зачувување на сопирачките. Да се приспособат на поголем резервоар, болидите најверојатно ќе имаат поширока и подолга каросерија во задниот дел на болидот. Како резултат на тоа, дистрибуцијата на тежината ќе биде сосема различна од таа во минатата сезона.

ПОЕНИ
За разлика од минатата година, кога поени добиваа првите осум возачи (10, 8, 6, 5, 4, 3, 2 и 1) во 2010 година поени ќе им се доделуваат на првите десет возачи. Промената беше воведена како резултат на зголемениот број на тимови. Според новиот систем, победникот зема 25 поени, 18 и 15 се доделуваат за второ и трето место респективно. Следните седум возачи ќе добијат 12, 10, 8, 6, 4, 2 и 1 поени соодветно.

ТЕЖИНА

Минималната тежина на болидот е зголемена од 605kg да 620kg. Промена која треба да го надомести хендикепот со кој се соочуваат повисоките и потешки возачи по воведувањето на КЕРС системот, во однос на распределбата на тежината на болидот, за разлика од нивните полесни колеги.Со меѓусебен договор, сепак, тимовите се цогласиле да не го користат овој систем во 2010 година.

ПОТАНКИ ПРЕДНИ ГУМИ
По враќањето на мазните гуми во Ф1 минатата година, нивната големина остана непроменета. Во однос на контактната површина, тоа значеше дека предните гуми добија пропорционално повеќе грип од задните гуми. Како последица на тоа во 2010 година ширината на предната гума од 270mm се намали на 245mm, со што се помага за подобар баланс на болидот. Поради забрана за надолевање на гориво, болидите ќе бидат околу 100 килограми потешки на почетокот на трката отколку во 2009 година, па Bridgestone најверојатно ќе користи потврди компоненти за своите гуми. Исто така првите 10 болиди во квалификациите ќе мора да стартуваат со истите гуми со кои ги возеле квалификациите.

ЗАБРАНА ЗА т.н. "РАТКАПНИ" ЗА ТРКАЛАТА
На тимови веќе нема да им биде дозволена употребата на "раткапни" за тркалата кои беа секојдневна практика во 2009 година, кои се користеа за подобро ладење на сопирачките. Нивното отстранување од ФИА велат дека ќе значи една работа помалку што да тргне наопаку кога механичарите се обидуваат да променат еден сет на гуми за помалку од четири секунди, а може, исто така да помогне струење веднаш зад болидот биде помалку турбулентно.

ПОВЕЌЕ ТИМОВИ
Во 2010 година ќе имаме тринаесет тимови и 26 болиди. Ова значи мало менување на квалификационата сесија, т.е. во Q1 и Q2 сега ќе испаѓаат по осум возачи (за разлика од пет минатата година). Во Q3, исто како и лани, за Пол Позицијата ќе се борат десет болиди. Забраната за дополнување гориво значи дека болидите и во Q3 ќе бидат со ниски количества на гориво, исто како во Q1 и Q2

ТЕСТИРАЊЕ
Тимовите кои ќе изјават дека еден од нивните првично пријавени возачи не е во можност да настапи на некоја од трките, т.е. треба да биде заменет од страна на друг возач кој не учествувал во Ф1 трка во претходните две календарски години, тој има право на еден ден тестирање(минатата година беа забранети било какви тестови) на патека одобрена од ФИА и на која не се вози Гран При во тековната сезона. Ова е за да се избегнат сценарија како што се појавија во 2009 година, кога Jaime Alguersuari го имаше своето деби со Торо Росо, без претходно никакво искуство со Ф1 болид.

Друга мала промена е што на тимовите ќе им бидат дозволени, осум наместо минатогодишните шест дена праволиниски Aero тестирања по сезона. Тие, исто така, ќе имаат можност на замена на еден од овие 8 дена за по четири часа на тесови во тунелите за тестирање на аеродинамиката со полн обем на болидот, наместо модел со големина од 50% на вистинскиот болид.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here