Фернандо Алонсо, понеделник попладне ќе го има своето прво појавување во боите на Ферари, кога тој ќе пристигне во Madona di Campiglio на традиционалниот зимски ски настан организиран од Марлборо, заедничкиот спонзор на Ферари и Дукати. Овој настан ќе трае до 16 Јануари. Тука ќе биде претставена возачката постава на Ферари, Фернадо Алонсо и Фелипе Маса и дуото на Дукати, Кејси Стонер и Ники Хајден.За Алонсо тоа ќе биде првото појавување во боите на Ферари. Тој веќе го имаше својот прв настап за Ферари минатата година во Валенсија, но бидејќи неговиот договор со Рено официјално истекуваше на крајот на календарската година, тој не беше во состојба да биде во боите на Ферари по тој повод.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment