2010 АВСТРАЛИЈА ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕКЛАРЕН - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

23 March 2010

2010 АВСТРАЛИЈА ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕКЛАРЕН


Џенсон Батон:
"Имам исклучително пријатни спомени од трките во Австралија. Како и за повеќето возачи, во Алберт Парк беше моето деби во Формула 1, и јас навистина уживав тогаш, бев на високата четврта позиција пред откажувањето. Бев на Пол Позицијата во 2006 година, иако повторно не ја завршив трката. Се разбира, минатата година беше една бајка за мене, Бев на Пол Позицијата и Победив во трката. Тоа беа едни од најзадоволувачките и најемоционални моменти во мојата кариера.

"Оваа година, мислам дека ние одиме во Алберт Парк со чувство на сигурност во нашето севкупно темпо. Австралија е спротивност на Бахреин: нема кратки и бавни сектори, а има многу побрзи кривини. Сметаме дека тоа треба да одговара на нашата конфигурација на болидот. Научивме некои многу корисни работи за MP4-25 на првата трка, и целиот тим е подготвен да го оствари тоа во пракса овој викенд."

Луис Хамилтон:
"Јас отсекогаш сум уживал во Алберт Парк. Имав супер трка тука на моето Формула 1 деби во 2007 година, победив на трката една година подоцна и направив целосна употреба на КЕРС-от минатата година. Но, за мене, најдобрата работа за време на Голема награда на Австралија е народот и атмосферата. Навивачите на трибините, луѓето во градот, луѓето од организацијата на трката се фантастични и многу срдечните. Ова е најрелаксирачкиот настан во сезоната. Навистина ми се допаѓа. Со нетрпение го очекувам Мелбурн. Ми се допаѓа стазата, и мислам дека нема да ги имаме истите проблеми кои го стопираа нашиот напредок во Бахреин."
______________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here