
Нико Розберг:"Во Мелбурн отсекогаш сум имал успешни трки. Освојувам поени во последните три трки и мојот прв пласман на подиум беше таму во 2008 година, кога завршив на трето место. Мелбурн е голем град, така што навистина уживам кога го посетувам, а Алберт Парк е возбудлива патека. Тоа е многу предизвикувачка патека, деловите од јавните патишта се секогаш валкани и постојат голем број нерамнини. Минатата година со промена на времето за почеток на трката, ниското сонце беше една од најпроблематичните работи во Австралија."
Михаел Шумахер:"Австралија отсекогаш била една од подобрите трки во Формула 1 календарот и тоа никогаш не се променило за мене во сите мои години на натпреварување. Како и во претходните времиња, пристигнав на овој континентот порано и поминав убави денови за обука, адаптација и релаксирање, со цел да бидам 100% подготвен и одморен за трката. Имам многу добри сеќавања од Мелбурн и во поголемиот дел од сезоните гледавме интересни трки. Јас сум многу среќен со исходот на трката во Бахреин и шестата позиција беше добра за мене, особено со оглед на тоа колку пати сум управувал со Ф1 болид од моето повлекување. Сигурен сум дека во Мелбурн ќе ми помогне да влезам во ритам, дури повеќе се радувам на оваа трка."
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment