ВОЗАЧИ:
• Луис Хамилтон на својата прва трка 2007г. во Австралија се пласираше на подиумот, а веќе во следната сезона победи. Минатата година се пласираше на 4-тото место, а трката ја започна од 18 стартна позиција, но подоцна беше дисквалификуван поради лажење на стјуардите после трката за случувањата кога на стазата беше безбедносното возило.
• Џенсон Батон лани беше победник, и тоа е единствениот подиум за Британецот во Австралија, од своето деби овде во 2000година. Има само уште еден пласман во бодови и тоа 6-то место во 2004 година. Стартувал од Пол Позицијата во 2006 и 2009.
• Михаел Шумахер е најуспешниот возач со 4 победи на Австралија ГП-то. Три последователни од 2000 до 2002 и во 2004. Од 16 учества на Австралија ГП дури 8 пати не ја завршил трката( 5 пати поради судири од кои најпознат е оној со Дејмон Хил, 1994г., што му ја донесе првата шампионска титула). Стартувал во топ 10, четиринаесет сезони по ред од 1991 до 2004. Стартувал од Пол Позицијата во 2001, 2003 и 2004.
• Нико Розберг во 2008 година го имаше својот прв Пласман на Подиум. Последните три години завршува во бодови. Никогаш не стартувал од Пол Позицијата. Пред 25 години во 1985г. татко му Кеке Розберг победи на Австралиското ГП.
• Себастијан Ветел досега од два старта на Австралиското ГП нема завршено трка, 2008 имаше судир на првиот свиок по стартот, а лани имаше судир со Роберт Кубица.
• Марк Вебер најдобриот пласман на својата домашна трка го имаше на својата деби трка 2002г. и тоа 5-то место со тимот на Минарди. Овој пласман го повторил и во 2005, и тоа се единствените пласмани во бодови. Лани поради судир со Р.Баричело заврши на 12 позиција.
•Фернандо Алонсо победи на Големата Награда на Австралија во 2006 година. Од 2003 година, Шпанецот секогаш завршува во бодови, со 4 пласмани на подиум (2004,2005,2006,2007). Никогаш нема стартувано од Пол Позиција, а највисок пласман му е втората стартна позиција во 2007.
• Фелипе Маса најдобриот резултат го има во 2007, со шестото место, и тоа се единствените три поени што ги има освоено од 7 стартувани трки. Никогаш не се наоѓал погоре од 3-то место во трките.
• Роберт Кубица нема завршено трка во Австралија.
• Рубенс Баричело има 4 втори места овде во Австралија, последното му беше минатата година кога се офајди од судирот меѓу Ветел и Кубица.
ТИМОВИ:
• Ферари има седум победи на Австралиското Гран При. Италијанскиот тим има две победи помалку од Мекларен на Големата Награда на Австралија. Минатите две сезони двата болиди не ја завршуваат трката, 2008 проблем со моторот на двата болиди, 2009 едниот болид имаше проблем со амортизацијата, другиот со диференцијалот.
• Мекларен е најуспешниот тим во Австралија со девет победи, но не е најуспешен тим во Мелбурн, тоа е тимот на Ферари со 6:4. Минатата година Мекларен, исто како и Ферари, остане без ниеден болид во пласман. Хејки Ковалаинен ја заврши трката во првиот круг, а Хамилтон беше дисквалификуван.
• Лотус има пласман на подиум во Австралија во 1988г., со третото место на Нелсон Пике.
• Ред Бул последен пат освоил поени во 2006, со 8-то место на Дејвид Култхард.
• Рено победи на Австралија ГП во 2005 и 2006 година, првиот пат со Физикела, вториот пат со Алонсо. На минатите 3 трки нема повисок пласман од четврто место.
•Торо Росо две трки со ред има пласман во бодови, со две седми места.
• Вилијамс победи на деби трката во Мелбурн, 1996 година, со Дејмон Хил.
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment