2010 МАЛЕЗИЈА ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕРЦЕДЕС ГП - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

31 March 2010

2010 МАЛЕЗИЈА ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕРЦЕДЕС ГП


Нико Розберг:
"Сепанг е една од моите омилени патеки во Формула 1 календарот. Таа е брза, предизвикувачка, со убав изглед и вистинска разновидност на кривини, што ја прави возбудлива за возење. Генерално сум имал добри квалификации во Малезија, почнав од четвртата позиција минатата година и од третата во 2006 година. Иако немавме добри постигнувања на квалификациите и трката во Австралија, кои би го покажале
целосен потенцијал на нашиот болид, ние направивме добар напредок во конфигурацијата на нашиот болид во текот на целиот викенд. Сепанг е различен тип на патека отколку Алберт Парк, но тоа треба да е во наша корист. Ова е добра патека да видиме точно колку е брз секој тим во моментов. Се надеваме да продолжиме со нашата добра работа и да освојуваме што повеќе поени и да бидеме на дофат на водечките во шампионатот. Тоа е домашно Гран При за нашиот главен спонзор Петронас и пред да започне трката денес ќе присуствувам на *Petronas Pit Pulse натпреварите. "

Михаел Шумахер:
"Јас понесов многу позитивни работи од викендот во Мелбурн. Тоа не може да биде видливо на прв поглед, кога ќе се погледнат резултатите во текот на викендот, ние направивме некои реални подобрувања и имаме добри причини да бидеме задоволни, само не и од крајниот резултат очигледно. Анализирајќи ги квалификациите, двајцата можевме да бидеме пласирани со две или три места повисоко. Конфигурацијата на мојот болид беше премногу конзервативна и премногу фокусирана на трката. Сето ова значи дека ние не заостануваме премногу и јас сум сосема убеден дека резултатите ќе дојдат сами по себе. Одење во Малезија овој викенд со потврда дека имаме јасно подобрување на нашите темпо од Бахреин, што е добро чувство. Борбата во Мелбурн беше многу забавна, иако таа беше само за еден поен, и јас се надевам дека ќе уживам повторно во Сепанг."

*Петронас трансформирал еден паркинг, во центарот на Куала Лумпур, во мини патека за јавноста да ја почувствува аурата на брзините и Гран При возбудувањата. Ќе има многу активности, вклучувајќи промоции, штандови со реквизити на тимовите, изложби, трки на далечинско управувани автомобили, Картинг трки и Ф1 симулатор, како и настапи во живо од некои од најжешките звезди во земјата, како Jaclyn Victor, Dina, Estranged, Bunkface и Stacy. Па ако сте веќе таму уживајте во забавата.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here