ФЕРАРИ
Фернандо Алонсо:Не сум подготвен да се обложам, но мислам дека Ред Бул е тимот што ќе победи на првата трка во Бахреин. Беа за малку побрзи на последната тест сесија во Барселона, а Себастијан Ветел и Марк Вебер се многу силни, но патеката во Бахреин е многу необична и тешко е да се обложиш на победникот. Ќе имаме тесна битка за титулата, и тоа помеѓу четири или пет возачи. Би сакал да знам како ќе се одвиваат работите. Во овој спорт е не е сè така лесно како собирање на 2+2. Освојувањето на титулата е нешто што не е лесно да се направи и не би бил разочаран ако не ја освојам во мојата прва година од претстојот во Ферари, иако ние ќе работиме напорно за да не ги разочараме нашите фанови."
Фелипе Маса: "Многу сум среќен и многу мотивиран што ќе го започнеме ова првенство на подобар начин не само од минатата година, што не беше многу добра година, но исто така и од претходните првенства. Изгледа како да сме во добра состојба пред почетокот на сезоната со добар и сигурен болид. Добро е што размислуваме за поени веднаш на почетокот на сезоната. Не сум сигурен дека Ферари ќе победи овој викенд во Бахреин, но сум убеден дека ќе го напуштиме Бахреин со многу поени. Тоа се нашите очекувања и тоа е она што го бараме." "Постојат многу добри болиди, добри тимови и добри возачи, ќе имаме многу тешка сезона. Но, можам да кажам дека чувството да се биде повторно на патеките е навистина, навистина добро. Мислам дека имаме болид подготвен да ја започне сезоната, но не запираме тука, ние секој ден работиме на негово подобрување. Јас сум многу мотивиран."________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment