Мика Хакинен би можел да се врати во светот на Формула 1, но овој пат во улога на менаџер. Финецот го поддржува враќањето на патеките на поранешниот ривал, Михаел Шумахер, и вели дека германецот ќе победи на трка во 2010 година.
"Ми недостасува тркањето. Тоа е нешто многу блиско до моето срце", рече двократниот светски шампион, кој се натпреваруваше во DTM шампионатот помеѓу 2005 и 2007 година, по пензионирањето од Формула 1 во 2001 година. "Враќање во Ф1? Да, но не знам кога и каде. Единственото е сигурно дека јас ќе го сторам тоа. Можеби би можел да се вратам во Ф1 како менаџер."
Финецот е всушност веќе дел од фирмата "Aces Group", сопственост на неговиот менаџер Дидие Котон, и се поврзува со Луис Хамилтон, по разделбата на младиот возач на Мекларен со неговиот татко Ентони.
______________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment