Фернандо Алонсо изјави дека не е загрижен за формата на Ред Бул и дека тој е "повеќе или помалку сигурен" дека Ферари ќе има најдобар болид во текот на следните неколку трки. Минатиот викенд не успеа да ја заврши Големата Награда на Малезија по проблемите со моторот непосредно при крајот на трката. Себастијан Ветел и Марк Вебер остварија доминантна 1-2 Победа за Ред Бул, но Шпанецот изјави дека тие го направиле тоа толку лесно во Сепанг, откако Ферари и Мекларен имаа катастрофални квалификации поради потценувачкиот однос кон променливите временски услови."Тие имаат три пол-позиции, но не и три победи. И без механичките проблеми не ми се верува дека ќе победеа, бидејќи ние бевме многу брзи во Бахреин и можеби бевме побрзи од нив и во Австралија. Во Малезија имавме чудна трка, премногу лесна за нив, бидејќи ние направивме хаос во квалификациите. Ние не сме премногу загрижени во моментов. Ова ќе биде многу долго првенство и ние сме способни за подобрување на болидот. Знаеме во кои области треба да се подобри, па јас сум помалку или повеќе убеден дека можеме да имаме најдобар болид во текот на следните неколку трки.
"Како и секогаш ви е потребна постојаност да бидете шампион, но исто така треба да се биде и брз. Како и обично, треба да ги завршиме сите трки, и ако е можно да се земат што повеќе поени, но исто така, а особено со новиот систем на поени потребни се и победи на трките, бидејќи првото место носи одлични 25 поени. Во моментов има многу возачи околу 30 поени. Но, како што првенство ќе одминува сигурен сум дека само два или три возачи ќе се бори за титулата."
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment