НОВОСТИ ОД МЕРЦЕДЕС ГП - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

23 April 2010

НОВОСТИ ОД МЕРЦЕДЕС ГП

Болидот на Мерцедес W01 ќе добие подолга шасија за Шпанија. Според Рос Браун нивната грешка не е во меѓуосовинското растојание, туку во несоодветната распределба на тежината.

"Проблемот не е меѓуосовинското растојание, туку распределбата на тежината, која поради промена на гумите не ја проценивме правилно. Кога почнавме да ги тестираме гумите откривме дека немаме правилна распределба на тежината и со досегашната шасија го достигнавме максимумот кој можевме да постигнеме. Гумите се променија и ние немаме можност да ги тестираме, и за разлика од другите тимови, не го решивме тој проблем како треба. За Шпанија, ќе имаме болид кој ќе ни дава повеќе можности за распределба на неговата тежина.

За F-duct ситемот Браун вели: "Системот на Мекларен кој се управува од возачот е доста сложен за да се направи да работи. Мекларен веќе го имаат во болидот, и не е едноставно да се стави во другите болиди. Тоа што го имавме во Кина беше пасивен систем, не беше управуван од возачот и не беше многу ефикасен. Сеуште работиме на ефективен систем што ќе се користи во Барселона или Истанбул. Не е едноставно да се направи тој да функционира како треба, но нашите инженери работат на проблемот.
________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here