АНАЛИЗА НА ПОЧЕТОКОТ НА ЕВРОПСКАТА СЕЗОНА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

11 May 2010

АНАЛИЗА НА ПОЧЕТОКОТ НА ЕВРОПСКАТА СЕЗОНА


Пред Барселона секоја година дизајнерите од секој тим зборуваат со голема надеж за нивните Аеро надградби. Болидите се враќаат на стариот континет, новите делови се веќе направени и сите имаат големи очекувања за чекор напред во нивните перформанси. Но по трката во Шпанија се виде дека Ред Бул го има најголемиот адут кога се работи за Ф1 дизајнерите, а тоа е Адријан Њуи. Пред Европа го имаа најбрзиот болид, а после Барселона тој е уште понапред од своите конкуренти. Стазата во Барселона, со своите брзи свиоци 3 и 9, може да се каже дека најмногу му легна на RB6. Кога сите останати болиди потскокнуваа на патеката, болидот на Ред Бул спокојно крстареше по неа.

Не беше многу одамна кога луѓето се потсмеваа со овој тим, кога Дитрих Матешиц инвестираше големи пари да се промовира Ред Бул, изјавувајќи дека еден ден ќе бидат најдобриот тим во Формула 1. Тогаш никој не ни помислуваше дека овој тим некогаш ќе се натпреварува рамо до рамо со тимови како Ферари и Мекларен. Но, ако ставите милијардер заедно со Адријан Њуи и соберете талентирани, искусни луѓе, на чело со Кристијан Хорнер имате добитна комбинација.

Секако, сега ниту еден од ривалите на Ред Бул не ги потценува, и не смее да си дозволи тоа. Минатата година Рос Браун изјави дека тие веќе имаат болид со голем downforce, многу се добри во брзите свиоци, но во некои бавно кривини болидот не им е баш стабилен. Оваа година, тие своите позитивни страни ги подобрија уште повеќе и ги минимизираа негатините страни на нивниот болид. Сето тоа дава екстремни перформанси.

Колку им е брз болидот беше јасно кога Себастијан Ветел забележа време под 1м. 20.000с. на тренинзите во петокот, кога најбрзиот болид до нив беше Мерцедесот на Михаел Шумахер со заостанување од речиси 0.8 десетинки. Тогаш се помислуваше дека тоа е последица на количината на гориво во болидите. Но, Вебер и Ветел, тоа го демантираа на саботните квалификации. Хамилтон сега беше најблиску со 0.830с. заостанување. По денешните Ф1 стандарди, тоа е цела вечност.

Времето ги послужи за време на трката, па Вебер за продолжи традицијата, сега на 10 години, возачот кој стартувал од Пол Позицијата да победи и на трката. Најголемото изненадување беше што брзината на Ред Бул не резултираше и со 1-2 Победа. Ветел не беше во состојба да го следи темпото на Вебер и всушност заостануваше зад Хамилтон. Германецот се пожалил на недостиг на грип, а дополнителен проблем почуствувал при влез во кривината 7 каде немал доволна моќ во сопирачките.

"Нешто полета надвор од болидот и болидот влечеше кон десно секогаш кога ќе ги допрев кочници", рече тој. "При првиот пит стоп, механичарите брзо ги прегледаа кочниците и ставија нов сет на гуми, но не најдоа ништо сомнително. Кога се вратив повторно на стазата и кога проблемот беше сè уште знаев дека трката е загубена и потоа имав трка за спасување на што повеќе поени. Се надевав на еден или два, и јас бев пресреќен што на крајот имав дури пласман и на подиумот. "

Тој го стори тоа во голема мера и со помош на Михаел Шумахер кој го задржа зад себе мекларенот на Џенсон Батон. кој на снимките се виде дека беше длабоко изфрустриран од седумкратниот светски шампион. Но многу очекуваните надградби на Мерцедесот беа доволни за Шуми го постигне најдобриот резултат по неговото враќање во Формула 1, и за прв пат го победи неговиот тимски колега, но дали е тоа доволоно да се атакува на победи. Сепак тоа е тимот кој моментално е светски шампион.

Хамилтон повторно по старо, никако да научи да ги штеди гумите. Има добра агресивна тактика, но таа не дава резултати. Тешко дека тој ќе се следеше Михаел толку долго време, без оглед колку е тешко да се помине Шумахер. За него тоа што ја напушти Барселона со 10 поени зад Батон беше уште една горчлива пилула.

Воодушевениот Вебер призна дека е многу задоволен. "Знаев дека треба да ја добијам битката во првата кривина"- изјави тој, и успеа во тоа, а потоа се беше совршено за него. Ја потврди неговата неизмерна радост кога на насобраната толпата луѓе ја фрли неговата кацига. Некој воодушевен Шпанецот доби Ф1 кацига во вредност од околу 5.000 евра, вредност која ако Вебер стане Светски Шампион ќе стане уште поголема!

Следува трката во Монако. Адријан Њуи ќе работи на тоа да остане неговиот болид најбрз, а останатите да ги стигнат. Останатите тимови се надеваат дека во Монако, која е една сосема различна патека од Барселона, Ред Бул не би требало да биде толку брз, но сепак ќе биде изненадување ако некој е побрз.

___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here