КРАТКИ ВЕСТИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

18 May 2010

КРАТКИ ВЕСТИ


Од тимот на Ферари стигна веста дека шасијата од болидот на Фернандо Алонсо со кој го имаше инцидентот на саботниот тренинг е неупотреблив. Испитувањата на болидот во Маранело покажале дека таа не може да се поправи. Тимот во текот на наредната недела ќе одлучи која шасија Алонсо и тимскиот колега Фелипе Маса ќе ја имаат за следната трка во календарот т.е. Турција ГП. Од овој тим најавуваат дека исто така ќе бараат да се разгледа повторното воведување на резервениот болид во Формула 1 натпреварувањето.

------------------------------------------------------------------------------
Тимот на Мекларен се пофали дека долготрајното спонзорство со компанија Хуго Бос е продолжено и навлегува веќе во својата 30 година. Се верува дека ова е најдолгото партнерство во историјата на Ф1 .

Мартин Витмарш изјави: "Ние сме горди и среќни што сме во можност да го објавиме продолжувањете на нашето партнерство со Хуго Бос, договор кој руши рекорди."

------------------------------------------------------------------------------
Тимот на Мерцедес ГП одлучил да ја повлече жалбата на казната на Шумахер. Тие се апсолутно убедени во законитоста на претекнувањето на Шумахер со Алонсо, но во 48-те часа време што ги имаше овој тим да одлучи што ќе прави, решиле да не се продолжи со жалбата, најповеќе што заклучиле дека нема да добијат ништо, бидејќи правилата велат дека овие казни не може да се обжалуваат.
_______________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here