Ферари ќе користат надградена верзија на F-Duct системот на петочните слободни тренинзи за Шпанското ГП во Барселона, каде ќе одлучат дали ќе го задржат овој систем на болидот и за остатокот од викендот. Тест-возачот на Ферари Џанкарло Физикела ги тестирал најновите надградби за време на аеродинамичен тест во Вариано минатата недела, и тимот бил задоволен од добиените резултати. Од Ферари изјавија дека од Барселона Фелипе Маса ќе има нова шасија.
---------------------------------------------------------------------------
Пол ди Реста ќе го вози болидот на Адријан Сутил во петок за време на првиот слободен тренинг.
---------------------------------------------------------------------------
Вирџин во Барселона ќе има само еден надграден болид, плановите за зголемување на резервоарите за гориво на двата болиди пропаднале поради хаосот во авионскиот сообраќај предизикан од неодамнешните вулкански активности во Исланд.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________
03 May 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment