Фернандо Алонсо денес испроба како се однесува ревидираниот F10 болид на Ферари на патеката во Маранело. Иако тестирањето е забрането, тимовите смеат да спроведат ограничени тестови во 'промотивни цели", пракса која беше искористена од страна на неколку тимови оваа година да се добие на километражата на новите делови. Од Ферари изјавија дека мора добро да се искористи секоја можност во време на забрана на тестирање.
Снимките на болидот што се појавија на YouTube покажуваат еден сосема поинаков заден крај, со ниско профилна конфигурација на издувниот систем, нешто кон кое се стремат повеќето тимови.Овој концепт со помош на дифузерот треба да придонесе за подобрување на downforce-от, а тоа е концепт кој се употребува од страна на Ред Бул.
______________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment