Кога сите мислевме дека изборот на снабдувач со гуми во Ф1 шампионатот е веќе решена работа, Претседателот на ФИА, Жан Тод, изјави дека ФИА и Берни Еклстоун, а не тимовите ќе го имаат последниот збор кога се во прашање гумите за следната година.Знаеме дека Здружението на Формула 1 Тимови (ФОТА) е многу блиску до договор со Пирели за 2011 година, но Тод јасно стави до знаење дека изборот на фирма за гуми не е нешто што може едноставно да биде оставено на тимовите за одлука. Најверојатно ќе биде објавен тендер, па така ова прашање ќе се пролонгира за уште неколку недели.
Денес во интервју за францускиот весник Le Parisien, Тод истакна кој ќе ја донесе конечната одлука за гумите. Кога го прашале дали ФОТА ќе одлучува за снабдувачот со гуми тој изјавил:
"Се разбира дека не. ФИА наскоро ќе започне тендер, со комерцијалниот промотор на шампионатот, Берни Еклстоун. ФОТА може да сугерира дека тие одлучуваат, но најсилен човек не е оној кој зборува најгласно."
____________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment