КРАТКИ ВЕСТИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

10 June 2010

КРАТКИ ВЕСТИ


Мерцедес размислува за намалување на неговиот буџет за Ф1, и тоа 10% пред 2011 година. Ребалансот на нивниот буџет се очекува по завршувањето на трката во Хокенхајм, во Јули, со најверојатно намалување од 10% за 2011-2012. Управниот одбор, исто така, разговарал и за можноста на снабдување со мотори на уште еден, четврт тим, во 2011 година.

-------------------------------------------------------------------------------
Џенсон Батон е изненаден од тековната форма на Ферари. " Со еден збор чудно, бидејќи Ферари имаа совршена зима. Беа брзи, многу постојани и издржливи. Мислев дека ќе бидат недостижни. Во првата трка беа многу брзи, но тогаш ние направивме добар напредок и сега сме побрзи од нив. Но сепак не смееме да ги отпишеме, затоа што тоа е силен тим, а и Фернандо и Фелипе се искусни возачи.
-------------------------------------------------------------------------------
Мекларен во Канада ќе има нов преден и нов заден спојлер, а за Силверстон пак тимот ќе располага со речиси нов болид. Рено имаат нова предна амортизација и очекуваат да се борат со Мерцедес ГП. Од тимот сметаат дека Кубица ќе биде побрз одколку на патека од Монако.
-------------------------------------------------------------------------------
Луис Хамилтон е среќен поради враќањето во Канада, каде што во 2007 година тој ја освои својата прва трка во Формула 1. Англичанецот се надева да го повтори успехот од Турција и во Монтреал.

"Се чини дека беше многу одамна, но токму тука во Монтреал ја освоив мојата прва трка во Ф1 и имам добри сеќавања на тој викенд: Имав Пол Позиција, голем број на излегувања на безбедносниот автомобил, некои несигурности во круговите... и конечно резултатот беше навистина фантастичен! Јас секогаш ќе ја сакам Канада! Патеката е брза и предизвикувачка, неверојатно тешка: не можете да си дозволите било какви грешки, бидејќи ќе најдете испечатени на ѕидот. Овој град, овие луѓе се прекрасни ... и најдоброто нешто овде е што јавноста ги поддржува сите возачи и сите тимови. Јас навистина немам зборови."
-------------------------------------------------------------------------------
Стефано Доменикали призна дека спроведувањето на развојот на F-duct ситемот на F10 можеби го забавил севкупниот развој на болидот.

"Ние вложивме многу енергија во развојот на овој систем и можеби малку се одложи прогресот во другите области. Пред нас се уште две третини од сезоната, и многу работи може да се сменуваат од трка до трка. Способноста да се развие болид отсекогаш била силна точка за Ферари и нема причина зошто тоа не би било и сега. Ние сме силна и обединета група, и постои силна желба да се покаже од што сме направени".
___________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here