Гуми
Pirelli беше избран како единствен добавувач на гуми на ФИА за Формула 1 Шампионатот за период од три години, почнувајќи од 2011 година. Единствениот снабдувач се обврзува да ги почитува строгите спортски и технички прописи имплементирани од страна на ФИА.
ФИА Лиценци за секој член на тим
Предлог за воведување специфични лиценци за персоналот на тимовите е доставен до Комисијата за Формула 1. Ова е предмет на разгледување за имплементација во Формула 1 Шампионатот од почетокот на 2011 година.
(Со други зборови најверојатно ФИА сака да контролира кој ќе работи во тимовите, со можност да им дава доживотна забрана за работа на некои непожелни личности. Но да почекаме и видиме како ќе се одлучи по овој предлог.)
Безбедносно возило
Болидите не смеат да престигнуваат се додека не ја поминат првата линија за безбедносното возило, кога тоа се враќа во боксот. Меѓутоа, ако безбедносното возило е сеуште на патеката на почетокот на последниот круг, или се распореди во текот на последниот круг, тоа ќе влезе во боксот на крајот од кругот и болидите ќе ја поминат целната линија по истиот редослед без претекнување. Ова правило стапува во сила веднаш.
(Појаснување на ова правило по инцидентот на Михаел Шумахер со претекнувањето на Алонсо.)
Општи безбедносни правила
Било кој болид кој ќе биде возен непотребно полека, неконтролирано, непостојано, или болид кој ќе се смета за потенцијално опасен за другите возачи, ќе бидат пријавувани на стјуардите. Ова ќе се применува без разлика дали болидот е на патеката, влезот во боксовите или во боксовите.
Со цел да се обезбеди болидите да не се возат непотребно полека за време на првиот излезен круг на квалификациите и загревачките кругови кога боксот е отворен за трката, возачите мора да извозат под максималното време поставено од страна на ФИА помеѓу линијата за безбедносното возило по излезот од боксовите и линијата за безбедносното возило пред влезот во боксовите. Максималното време ќе се утврдува од страна на директорот на трката на секој настан пред првиот ден на тренинзи, но може да биде изменето за време на настанот доколку е потребно. Ова правило стапува во сила веднаш.
Стартна листа
Од 2011 година, било кој возач чиј најдобар круг во квалификациите надминува 107 отсто од времето на најбрзиот болид во Q1 сесијата, не ќе може да стартува во трката. Под исклучителни околности, на пример кога некој возач поставил побрзо време при слободните тренинзи, стјуардите може да дозволат старт на тој возач во трката. Ако има повеќе од еден возач, прифатени на овој начин, нивната стартна позиција ќе биде утврдена од страна на стјуардите.
Прилагодливи делови на каросерија
Од 2011 година, прилагодливите делови на каросерија(преден и заден спојлер на пример) може да се активираат од страна на возачот во секое време пред почетокот на трката, а со единствена цел подобрување на можностите за претекнување во текот на трката, откако возачот ќе комплетира два круга.
Возачот може да ги активира овие прилагодливи делови на каросерија во трката кога ќе биде известен по електронски пат дека тоа е овозможено (дисплејот на воланот), а тоа ќе биде овозможено само ако возачот е во заостанување помало од една секунда зад друг болид. Системот ќе биде исклучен штом возачот за прв пат по активирањето ќе ги искористи сопирачките.
(ФИА многу комплицира со еден збор, дали возачите да мислат на возење, дали да мислат кое копче да го притиснат, дали ќе го погодат точното време, покомплицирано здравје. Ако се дозволува вакво нешто зошто после па и се ограничува со глупости)
Влијание врз аеродинамиката на болидот
Со исклучок на деловите потребни за возачот да го употреби копчето спомнато од претходното правило, било кој систем, уред или процедура која вклучува дејствие на возачот за менување на аеродинамиката на болидот се забранува од 2011 година.
(Со други зборови се забранува F-duct системот и се слично на него)
Тежина
Од 2011 година, минималната тежина на болидот не смее да биде помала од 640 килограми во секое време во текот на настанот.
(Се припрема повторното воведување на КЕРС системот)
Гориво
Количеството на гориво што се зема за контрола од болидот треба да остане внатре во болидот откако тој е вратен во боксот со сопствена погон.
(Нема повеќе гасење на болидот на патеката како што тоа го направи Хамилтон во Канада.)
Лиценци
Светскиот совет за мотоспорт одобри доделувањето на пробна супер лиценца за 4 трки на кинескиот возачот Хо-Пин Тунг, врз основа на неговата кариера и задоволителни резултати при неколку Ф1 тестирања.
____________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment