Ова е 10 верзија на патеката во Силверстоун. Првaтa имаше 4649 метри со осум кривини, сега е со должина 5901м.(спрема f1.com 5891м) со 17 кривини. Алфа Ромео (1950), Ферари (1951), Фанвал (1957) и Вилијамс (1979) сите ги имаат своите први Победи во Силверстоун.
ВОЗАЧИ:
• Џенсон Батон ќе ја започне својата 180-та трка, но тој никогаш ни еден круг не бил во водсатво и нема пласман на подиум на својата домашна трка.
• Луис Хамилтон ја жртвуваше неговата стратегија за во трка се со цел да ја освои Пол Позицијата на неговиот прв настап на Британското ГП, на крајот завршуви трет. Во 2008 година, тој победи со повеќе од една минута предност од Ник Хајдфелд. Минатата година заврши 16-ти.
• Михаел Шумахер има три Победи во Силверстоун (1998, 2002 и '04). Тој се квалификувал во најдобрите 10 во сите негови 15 учества.
• Нико Розберг ќе ја започне својата 80-та трката во Силверстоун. Негов најдобар пласман во Велика Британија му е 5-тот место минатата година.
• Себастијан Ветел доминираше на трката минатата година освојувајќи Пол Позиција, Победа и Најбрз круг. Тој наполни 23 години на 3 јули со седум победи на неговото конто. На иста возраст, Фернандо Алонсо има само една Победа и Луис Хамилтон четири.
• Марк Вебер освои само еден поен во своите први седум старта на Британското ГП, но лани го освои второто место зад Ветел. Најдобар пласман во квалификациите му е втората стартна позиција во 2008 година, но трката ја заврши во првиот круг.
• Фелипе Маса има катастрофална статистика на Силверсоун никогаш не стартувал од првиот ред и нема пласман на Подиумот.
•Фернандо Алонсо исто така нема забележителни настапи на Британското ГП. Ако заврши во поени тоа ќе биде негов 100-ти финиш во Поени, листа на која води Шумахер со 195.
• Рубенс Баричело е победник на Британското ГП во 2003 година и стартуваше од Пол Позицијата во 2000 и 2003-та година. Тој е втор на листата на пласмани на Подиумот на Силверстоун со 6, а на првото место со седум пласмани се Алан Прост и Михаел Шумахер.
• Хеики Ковалаинен ја освои својата прва Пол Позиција во Силверстоун во 2008 година.
• Дебитанти на оваа патека ќе бидат Камуи Кобајаши, Виталиј Петров, Карун Чандхок, Лукас ди Граси, Сакон Јамамото(на местото од Бруно Сена)
ТИМОВИ:
• Ферари е најуспешниот тим на Британското ГП со 15 Победи наспроти 14-те на Мекларен. Последната беше во 2007 година со Кими Раиконен. Ферари нема освоено Пол Позиција тука од 2003 година.
• Мекларен е со 14 Победи но за прв пат од 1983 година, минатата година двата болиди се квалификуваа надвор од Топ 10.
• Ред Бул минатата година доминираше на Силверсоун со 1-2 Победа, Пол Позиција, беше во водство во сите кругови и го постави Најбрзиот круг.
• Лотус својата последна Формула 1 Победа ја имаше во 1978 на Британското ГП, со Карлос Ројтеман во Брендс Хеч.
• Вилијамс ја постигна својата 100-та Победата тука во 1997 година.
• Торо Росо нема пласман во Топ 10 на Британското ГП.
_______________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment