"Ние сме со Cosworth и јас сум многу среќен да потврдам дека нашата соработка ќе продолжи и наредната сезона".
Но, и покрај продолжувањето со Cosworth, кој се врати во Формула 1 оваа година, Пар се надева дека тимот ќе биде во можност да обезбеди снабдување на моторите од фабрика што произведува автомобили.
"На долгорочен план, најдобар модел за независните Формула 1 тимови е да имаат партнерство со производител на автомобили, кој обезбедува мотори, спонзорство и сака да се трка. Тимот имаше фантастични партнерства со БМВ, Хонда и Рено во минатото и мислам дека тоа е она што ние би сакале да го имаме повторно", додаде Пар.
-------------------------------------------------------------------------------------
Тимот на Хиспанија изненадувачки објави дека Бруно Сена нема да вози на Британското ГП. Неговото место ќе го заземе тест возачот Сакон Јамамото. Повеќе детали за оваа смена ќе бидат објавени накнадно. Шефот на ХРТ, Колин Колс додаде дека одлуката за тоа кој ќе вози за Хиспанија за остатокот на сезоната ќе биде донесена во текот на викендот.-------------------------------------------------------------------------------------
По продолжувањето на договорот со Рено, Роберт Кубица вели дека го посакува Кими Раиконен како тимскиот колега во Рено следната година. Раиконен се поврзува со враќање во Ф1 со Рено во 2011 година по една година отсуство, а овој тим е еден од најконкурентните со празно возачко место._____________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment