КРАТКИ ВЕСТИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

19 July 2010

КРАТКИ ВЕСТИ


Михаел Шумахер, вели дека со нетрпение го очекува Германското Гран При, т.е. негова прва домашна трка од неговото враќање во Формула 1.


"Една работа е сигурна, без оглед колку долго сте наоколу, секогаш е нешто посебно кога се тркате пред домашна публика", изјави Шумахер. "Во Хокенхајм, јас дефинитивно ќе се обидам да го прикажам најдоброто од мене, за моите фанови кои ми дадваат таква голема поддршка, особено во текот на викендите со трка. Германското Гран При е многу посебно за секој германски возач.


"Ова ќе биде прв пат да дојдам на Хокенхајм како возач на Мерцедес и јас со нетрпение го очекувам ова ново искуство за мене. Возење пред домашна публика со домашен тим. Поради тоа ќе бидам екстра мотивиран да им дадам викенд за паметење. Ние ќе имаме некои хадградби за нашите болиди кои се надеваме дека ќе ни даде еден чекор напред за да може да очекуваме возбудлива трка."

------------------------------------------------------------------------------------------
Сопственикот на тимот Ред Бул, Дитрих Матешиц инсистира на тоа дека Марк Вебер и Себастијан Ветел се, и ќе продолжат да бидат, третирани апсолутно подеднакво од страна на неговиот тим, дури и ако постои ризик таквата политиката да ги расипе сметките на неговиот тим за титулата.
------------------------------------------------------------------------------------------
Од тимот на Хиспанија објавија дека овој викенд местото на Карун Чандхок ќе биде заземено д страна на Сакон Јамамото. Јапонскиот возач минатата трка во Силверстон го замени Бруно Сена за јавноста од непознати причини, а бразилецот ќе се врати во акција следната недела во Хокенхајм.

Тимот на Хиспанија се уште го смета Карун Чандхок како дел од тимот и дека тој најверојатно ќе биде во болидот подоцна во сезоната.

"Сакон Јамамото даде многу позитивни перформанси(какви само тие си знаат, кога беше убедливо последен!!!) во Силверстон, па тимот одлучи да му даде на јапонски возач уште една можност овојпат покрај Бруно Сена", се вели во изјавата на тимот. "Карун Чандхок сеуште е дел од Хиспанија Ф1 тимот и најверојатно ќе биде во болидот на некои подоцнежни трки оваа сезона."

________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here