ФИА: СЕ УКИНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ТИМСКИ НАРЕДБИ !?! - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

08 September 2010

ФИА: СЕ УКИНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ТИМСКИ НАРЕДБИ !?!

Жан Тод, Претседателот на ФИА, само го набљудуваше денешното сослушување.

Судското Тело на Светскиот Совет за Мотоспорт на денес одржаното вонредно сослушување во Париз, одлучи да нема нови казни за тимот на Ферари. По длабинска анализа на сите извештаи и документи поднесени на ова судење, одлучено е само да се потврди казната изречена од стјуардите на таа трка за паричната казна од 100.000 $ за нарушувањето на членот 39.1 од спортската регулатива и да се наметне плаќање на трошоците направени од страна на ФИА. Исто така е одлучено да се преиспита одлуката за забрана на тимските наредби. Со други зборови најверојатно набрзо ќе биде укината одлуката за забрана на тимските наредби. Тоа е нормално бидејќи сите тимови не ја почитуваа, само тимот на Ферари малку повеќе претера во тоа.

Од тимот на Ферари ја поздравија одлуката на ФИА и ставија до знаење дека нивниот фокус е постигнување на добар резултат на Италијанското ГП овој викенд.

ФИА ќе го објави целосното објаснување за својата одлука веќе утре.


Пред донесувањето на оваа одлука, од ФИА претходно беше соопштено дека нема да има 13-ти тим во Формула 1 следната сезона. Ова беше очекувано бидејќи 13 се смета баксузна во овој спорт, но и недоволната финансиска набилданост на кандидатите за влез во овој спорт.

Исто така е објавен и прелиминарниот список на трки за следната сезона, стартот е во Бахреин, а завршетокот во Бразил:

1. Бахреин ГП (13 Март 2011)
2. Австралија ГП (27 Март 2011)
3. Малезија ГП (10 Април 2011)
4. Кина ГП (17 Април 2011)
5. Турција ГП (8 Мај 2011)
6. Шпанија ГП (22 Мај 2011)
7. Монако ГП (29 Мај 2011)
8. Канада ГП (12 Јуни 2011)
9. Европа ГП (26 Јуни 2011)
10. Велика Британија ГП (10 Јули 2011)
11. Германија ГП (24 Јули 2011)
12. Унгарија ГП (31 јули 2011)
13. Белгија ГП (28 Август 2011)
14. Италија ГП (11 Септември 2011)
15. Сингапур ГП (25 Септември 2011)
16. Јапонија ГП ( 9 Октомври 2011)
17. Кореа ГП (16 Октомври 2011)
18. Индија ГП (30 Октомври 2011) * Ако добие лиценца
19. Абу Даби ГП (13 Ноември 2011)
20 Бразил ГП (27 Ноември 2011)

_____________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here