Philip Prew, главниот тркачки инженер на Мекларен, изјави дека тимот е убеден дека најновите надградбите во областа на аеродинамиката ќе значат голем напредок во перформансите на болидот за трката во Марина Беј, Сингапур.
На последната трка каде се бараше високо ниво на downforce, во Унгарија, донесе лоши резултати за Мекларен, но Prew очекува тие да се борат рамо до рамо со Ферари и Ред Бул во Сингапур овој викенд.
"Ова е значаен викенд за нас, особено по големите проблеми што ги имавме со недостатокот на downforce во Унгарија, патека слична на Марина Беј. Овде треба да бидеме конкурентни со Ред Бул и Ферари. Особено што по изведените построги тестови за флексибилните крила, Ред Бул и Ферари нема да имаат толку голема предност. Мислам дека сите болиди ќе бидат многу блиску, но ќе бидам малку храбар и ќе кажам дека ние ќе бидеме најдобри."
"Имаме некои доста големи надградби, но, исто така, нашето разбирање за нашиот болид и како да се искористат тие се подобрува. Downforce-от ќе е подобар од Унгарија. Ние сме оптимисти дека може да го затвориме јазот и се надеваме да бидеме конкурентни. По надградбите на болидот во Спа и Монца, имаме дополнителни надградби тука во Сингапур, ново предно крило и други уреди со кои ќе се подобри downforce-от."
________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment