2010 ЈАПОНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

08 October 2010

2010 ЈАПОНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР


Во свoјата 21 годишна историја како место каде се одржуваат Формула 1 трки, на Сузука се решавале девет титули. Оваа година е невозможно било кој од топ пет возачите да го обезбеди шампионатот, но трите најслабо пласирани возачи може да испаднат од игра. Притисокот врз овие возачи и веројатноста за појава на дожд и барањата на 5.79 километарската патека треба да донесат возбудлив викенд.
Сузука е една од класичните трки во Ф1 календарот, на која имаме брзи кривини распоредени во уникатен облик. Во теорија треба да одговара на болидите на Ред Бул, но Ферари не треба да се далеку зад нив. Тука треба да дојде до израз F-duct системот на Мекларен. Престигнувањето е ограничено, но сепак е можно. Силното кочење во финалната кривина ја нуди најдобрата можност за претекнување, кое е можно и во првиот свиок доколку водечкиот болид направи грешка. Најспектуларното претекнување беше во 2005 година, Фернандо Алонсо успеа да го престигне Михаел Шумахер од надворешната страна, но такво херојство тешко да се повтори.

ВОЗАЧИ:
• Џенсон Батон има само еден пласман на подиумот во Јапонија, во 2004 година, зад браќата Шумахер. Тој исто тстартувал само еднаш од првиот ред, во 2005 година заедно со Ралф Шумахер. Во последните три изданија на трката освоил само еден поен, со осмо место минатата година.

• Луис Хамилтон постигна хет-трик на патеката Фуџи во 2007 година и стартуваше од Пол Позицијата во следната година, но трката ја заврши на 12-то место по контроверзната трка (Казна и контакт со Маса), минатата година во Сузука тој беше трет во квалификациите и во трката. Со четири откажувања оваа сезона тешко се стигнува до титулата. Во последните десет години, само Михаел Шумахер во 2000 година беше во состојба да ја освои титулата со четири откажувања во текот на сезоната.
• Михаел Шумахер со осум Пол Позиции и шест Победи во Сузука е господар на Јапонското ГП. Тој тука изгуби две светски првенства (1998 и 2006) но и освои две (2000 и 2003).
• Нико Розберг својот најдобар резултат во Јапонија го имаше минатата година: Седма стартна позиција и петтото место во трката, тоа беше негова четврта трка на Јапонското ГП. Чудна коинциденција е што на последните две трки Розберг се квалификува и завршува на исти позиции;
• Себастијан Ветел доминираше на минатогодишната трка од почеток до крај. Во 2007 година тој стана најмладиот возач што некогаш водел трка, но неговата трка заврши по судирот со Марк Вебер, зад безбедносното возило, поттикнат од Хамилтон.
• Марк Вебер најдобрар настап во Јапонија имаше во 2005 година, кога тој беше на четвртото место со Вилијамс, неговата единствени освоени поени во Сузука. Има две несреќи во последните четири трки во Јапонија, и има освоено само еден поен во 2008 година во Фуџи. Во последните четири Јапонски ГП се квалификувал во првите 10 само во 2007 (7-ми).
• Фелипе Маса завршува во поени во последните три Јапонски ГП-ја, а не ја заврши трката само во 2002 година поради извртување. Тој беше на Пол Позицијата во 2006 година, во својата последна трка во Сузука.
• Фернандо Алонсо е единствениот возач што има победи на двете јапонски патеки, во Сузука во 2006 година, и во Фуџи во 2008 година. Тој никогаш не стартувал од првиот ред во Сузука.
• Рубенс Баричело конечно стигна до својата 300 трка надвор од секое сомневање. Тој победи од Пол Позицијата во 2003 година. После таа победа тој го освои само два поени во Јапонија, со седмото место минатата година.
• Роберт Кубица секогаш завршувал во Топ 10 во Јапонија, но освоил поени само во Фуџи (седми во 2007 година и втор зад Алонсо следната година), во Сузука тој беше деветти во двете трки (2006 и 2009).
• Адријан Сутил има само еден настап на Сузука и тоа минатата година кога заврши на 13-то место а трката ја започна од осмата стартна позиција. Неговиот единствен поен во Јапонија (Прв во својата Ф1 кариера) му е во Фуџи во 2007 година кога беше осми на влажна патека.
• Јарно Трули лани го имаше неговиот најдобар резултат на Јапонското ГП т.е. Второ место, неговиот последен пласман на подиумот до денес, и последниот за италијански возач во Формула 1. Тој освојува поени и е со пласман во Топ 10 во квалификациите три пати во последните четири изданија на Големата Награда на Јапонија.
• Хеики Ковалаинен го пимаше својот Прв Пласман на подиумоот во Јапонија во 2007 година, беше втор, а стартуваше од единаесеттото стартно место. Минатата година на својата прва трка во Сузука беше единаесетти.
• Ник Хајдфелд завршил осум од деветте стартувани Јапонски Гран При-ја. Најдобар резултат имаше минатата година со шестото место.

ТИМОВИ
• Мекларен е најуспешниот тим во Јапонија со осум победи, но нема Победа во Сузука од 2005 година.
• Ферари има Пет Победи и тоа од 2000-2005, секогаш стартувајќи од Пол Позицијата, но од тогаш не успева да Победи повторно во Јапонија.
• Лотус е Победник на првото Јапонското ГП, одржано во 1976 година, со Марио Андрети на патеката Фуџи.
•Заубер секогаш завршувал во поени со најмалку еден болид, а најдобар резултат за тимот е второто место во 2008 година.
• Ред Бул има само еден пласман на подиумот во Јапонија и тоа минатата година.
• Рено има две Победи во последните четири години, во 2006 година во Сузука и во 2008 година во Фуџи. Тимот никогаш не стартувал од првиот ред во Јапонија.
• Вилијамс ќе ја започне својата 550-та трка во Јапонија. Во последните четири изданија завршил во поени само минатата година со Нико Розберг.

_____________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here