Одиме на коцкање, се или ништо
Џонатан Нил, извршниот директор на Мекларен, вели дека тимот ќе го употреби сето свое техничко знаење и ресурси во обид да добијат предност во однос на Ферари и Ред Бул на трката во Јапонија. Тимот од Вокинг има освоено само 80 поени во последните пет трки, а тимот на Ред Бул 136, Ферари дури 153, така да Луис Хамилтон и Џенсон Батон паднаа на трето и петто место во генералениот пласман.
Нов пакет на надградби ќе биде воведен за Сузука овој викенд, со кој Нил призна дека во Мекларен се подготвени да преземат повеќе ризик.
"Ќе го внесеме сето наше оружје што го имаме во моментов. Ќе внесеме нови модификации, дури и ако сме ограничени со добри компоненти. Претпочитам возачите да го имаат оној дел од секундата по круг што недостасува, и по цена на откажување на некој дел. Ние моментално работиме на работ на нашите можности."
"Последен пат кога бевме на стаза со тие карактеристики, бевме 1,7-1,8 секунди побавни. Нашето темпо во Сингапур не беше лошо. Мислам дека влегувањето на безбедносното возило ни ја уништи трката, не натера да возиме повеќе на меките гуми од она што ние го посакувавме. Нашите гуми имаа повисок степен на деградација на сите останати, што не изненади. Во анализа на трката, ние разбравме зошто тоа беше така. "
"Она што ние го воведуваме е голем пакет на надградби за во петок. Дали тој ќе функционира ќе бидам во подобра позиција да кажам по завршувањето на слободните тренинзи. Секако во Јапонија ние го носиме сето она што го имавме во Сингапур, и уште повеќе."
_________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment