Yeongam ќе биде 68-та патека во историјата на Формула 1, деветта нова од 1999 година, па рубриката статистички семафор ќе остане празна. Годинава почнува да ја испишува својата Ф1 статистика. Годинава Победникот, Освојувачот на Пол Позицијата, ќе останат во историјата засекогаш.
Три различни сектори ја сочинуваат оваа нова, наменски изградена Ф1 патека. Сектор еден има долг правец и силна завршна зона на кочење; Секторот два изобилува со долги, но и остри кривини, а третиот сектор наликува на улична трка меѓу бетонски ѕидови. Не би требало да фаворизира ниту еден од првите три тимови. Престигнувањето е возможно во зоните на силно кочење. Недостатокот на "сценографија" значи дека возачите ќе се борат за да го најдат ритамот, како би уживале трката, во споредба со места како Сузука и Спа, а на ТВ ќе изгледа малку оскудно и сиромашно. Така ќе биде барем оваа година.
Поради недостаток на екслузивно сместување во областа Мокпо, некои членови на Ф1 циркусот мораа да резервираат соби во хотели што наплаќаат од поминат час, т.н. Љубовни Хотели, па се очекуваат смешни анегдоти викедов да го поплават Твитер. Корејското Гранд При е најголемиот спортски настан што се одржува во Јужна Кореја со капацитет од 135.000 места. Организаторите велат дека ќе се продадат 60,000-70,000 билети, што значи дека трибините може да бидат полупразни.
________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment