Механичарите објаснуваат зошто мораше да се промени менувачот
Уште еден тежок удар за шампионските амбиции на Луис Хамилтон и неговите фанови. Возачот на Мекларен доби казна од пет стартни места наназад, поради промена на менувачот.
Од тимот на Мекларен изјавија:
"Денес, за време на третиот слободен тренинг забележавме ненормално висок притисок на маслото во менувач во болидот на Луис изјави портпаролот на Мекларен. Се надевавме дека ќе го решиме проблемот до почетокот на квалификациите, но во рамките на подготвителните кругови за квалификациите, станавме свесни дека симптомите станале уште полоши отколку што првично беа дијагностицирани, па беше донесена одлука за промена на менувачот. Како резултат на тоа, Луис ќе добие казна од пет места наназад за старт на трката утре."
Веста донесе големо разочарување на Хамилтон, кој досега има извозено само шест круга, а има цели 20 поени заостанок зад Марк Вебер во поредокот на возачите.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment