ФЕРАРИ: НОВА ПАТЕКА ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

20 October 2010

ФЕРАРИ: НОВА ПАТЕКА ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ


За неколку дена своето деби во Формула 1 светот ќе го има и Јужна Кореја на патеката Yeongam. Оваа патека за која доста се зборуваше (најчесто дали ќе има или нема да има трка), го привлекува нашето внимание како нова патека, но можеме да кажеме повеќе и поради незвесната битка за Титулите, во која се вклучени три екипи и пет возачи, сите со теоретски, но и реални (кој помалку кој повеќе) можности за нивно освојување.

Патеката Yeongam, кој се наоѓа на југозападниот брег на Кореја, како што знаеме сите доби зелено светло од страна на ФИА, само неколку дена по Јапонското ГП. Логистиката на сите трки надвор од Европа е комплицирана, со оглед на бројот на луѓе и тони материјал кои треба да се преместат, а кога се оди на нова патека сета работа станува уште покомплексна. Покрај тоа, Yeongam и блискиот град Мокпо никогаш претходно не биле домаќини на меѓународен настан на ова ниво, па сите тимови мораа да работат напорно за да најдат хотелско сместување за секого.

Еве како се справиле со сите предизвици од тимот на Ферари. Како прво за возачите на Ферари, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса ниту еден од сите овие потенцијални проблеми не требало да бидат извор на одвраќање од нивната работа овој викенд, со оглед на фактот што Шпанецот, кој во моментов е на второто место со исти бодови како и Себастијан Ветел и 14 поени позади моменталниот лидер Марк Вебер, е во битката за Титулата. Целокупната работа и крајната одговорност паѓа врз рамената на спортскиот директор на Ферари, Масимо Ривола. Тој е на оваа позиција речиси две години, откако помина единаесет години во Минарди/Торо Росо.

"Работа за Ферари е многу поразлична од она што го работев со Минарди/Торо Росо. Имам голема почит кон мојот поранешен тим, каде што научив многу, и сум многу среќен што го стекнав тоа искуство. Кога се работи за помал тим вие сте одговорен за различни задачи, а од организациска гледна точка со многу помалку луѓе треба да се завршат поставените задачи. Клучна разлика е што во Ферари имам одредено една задача, но постои поголем притисок, но каков што сакам да има, за нејзино успешно завршување."

"Со цел да се минимизираат непријатни изненадувања, а кога имате тотално нова патека и земја, вработените во логистиката треба да извршат инспекција на стазата, нејзината локација, околните градови, хотели и земјиште, патна инфраструктура и слично. Квалитетни информации за сите овие елементи се неопходни за да се овозможи тимот да работи без проблеми, но и најважно без кавги во стилот тој е мој штекер, мој кревет. Треба да се соберат информации за гаражата и нејзината големина, инфраструктурата во однос на електрични приклучоци, деловен простор. Значајно е и да се соберат што повеќе информации за техничките карактеристики на стазата. Во овој дел имавме голема подршка од FOM, но исто така и ФИА. Штом се дозна дека оваа патека влегува во календарот на Формула 1 се побара од ФИА да достави што повеќе информации за да можеме да изградиме веродостојна програма за нашиот симулатор. На нивото на развиток на денешните симулатори можеме да научиме многу за новата стаза дури и пред да стапнеме на неа. Тука се и информациите за боксовите, особено во однос на ограничувањето на брзината, и се што има влијание врз безбедноста на механичарите, особено за време на пит-стоп. Брзината на ограничување е особено важна за да пресметаме како треба да го пуштиме нашиот болид по завршениот пит-стоп, тука е важно и растојанието помеѓу една гаража до друга. Никогаш не е лесно да се имаат овие информации, бидејќи иако боксовите се меѓу првите работи што се градат на нова патека, но финалните детали како што се белите линии често се фарбаат меѓу последните работи за завршување. Кога ќе стигнеме на патеката, ако сме добро подготвени треба да најдеме мала разлика меѓу нашите симулации и реалноста."

"Механичарите пристигнаа во Yeongam, веднаш по завршувањето на трката во Јапонија, се со цел да се минимизираат непотребните и стресни патувања. Тоа се луѓето кои обично последни ја напуштаат патеката по завршувањето на трката, а први доѓаат на следната патека за да ги постават боксовите и да ги подготват просториите за работа. Затоа тие останаа во Азија, а по Сузука во Маранело се вратија само инженерите за да продолжат да работат на развојот на F10 и да ги завршат подготовките за ова патека."

Улогата на Ривола во периодите меѓу трките е одржување на контакти меѓу тимот и возачите. Значи моментално во Ферари нема никој друг кој подобро што може да ни каже што чувствуваат Фернандо и Фелипе во овој момент од сезоната.

"Веднаш штом ќе заврши една трка, Фернандо е веќе целосно фокусиран на следната. Ова е многу тешко време за него, бидејќи тој знае дека не може да си дозволи ни најмала грешка и е целосно концентриран на својата работа. Фелипе, немаше многу среќа во последните две трки, но и покрај тоа, неговата мотивација не беше засегната. Јас разговарав со него пред неколку дена и го најдов во добро расположение, иако, се разбира, е разочаран што не се бори за титулата, но тој е вистински возач на Ферари, оној кој никогаш не се откажува. Ние ќе им ја дадеме сета можна поддршка, затоа што знаеме дека може да игра важна улога во исходот на битката за Титулата. Тимот е многу мотивиран, ги знаеме нашите можности, знаеме дека може да сметаме дека двајцата возачи ќе ги постигнат посакуваните резултати. Се разбира, ние сме свесни дека ситуацијата е многу тешка, бидејќи имаме тим кој е пред нас во генералниот пласман и дека нивните болиди на последната трка беа побрзи од нас, но нашата филозофија е никогаш да не се откажуваме и ќе биде така до крајот."
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here