2010 АБУ ДАБИ ГП: ОЧЕКУВАМЕ СУПЕР ИНТЕРЕСНА ТРКА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

11 November 2010

2010 АБУ ДАБИ ГП: ОЧЕКУВАМЕ СУПЕР ИНТЕРЕСНА ТРКА

Yas Marina, Aby Dhabi

По 18 одржани трки стигнавме и до последната трка за оваа сезона. По минатата трка во Бразил борбата за титулата од пет возачи се сведе на борба помеѓу четворица, Фернандо Алонсо, Марк Вебер, Себастијан Ветел и иако само теоретски Луис Хамилтон (потребна му е победа и сите останати ривали да не се во топ 5). Разликата помеѓу нив е 24 поени. Со овој систем на бодување Вебер треба да биде пред Алонсо, но и меѓу нив да има друг возач, додека на Ветел му е потребно да заврши неколку места пред Ферарито на Алонсо. Неодамнешната форма на возачите ни кажува дека Ветел е малку побрз од Вебер, а Фернандо Алонсо е во потера по нив и би било изненадување да видиме нешто друго во Абу Даби. Моментално Ред Бул е едноставно премногу брз за било кој друг тим, особено во квалификациите. Според тоа на Алонсо ќе му биде потребен некој херојски потег, како на пример неговата Пол Позиција во Сингапур или пак извонреден старт. Тука е и опција да очекува погрешен потег од тимот на Ред Бул, што е реално остварливо ако се земат во предвид односите што владеат меѓу тимските колеги од овој тим.

Кристијан Хорнер потврди дека нема да има тимски наредби, туку самите возачи ќе решаваат што да направат. Ако Ветел е побрз од Вебер на второ место, а Алонсо е трет, од тимот се надеваат дека Германецот ќе се чувствува морално должен да му дозволи на Австралиецот да го помине, иако тоа ќе го заболи многу. Но Ветел не смее прерано да го направи тоа, бидејќи ако Алонсо потоа се откаже, одеднаш Ветел ќе биде Шампион со Победа. Значи, ако Ветел реши да му помогне на Вебер ќе треба да почека буквално до последната кривина, за да биде сигурен дека ги изгубил шансите за титулата, а тоа е потенцијално незгодна позиција. Тоа би можело да биде добра вест за Хамилтон, кој има потреба од различни степени на катастрофален пласман на неговите ривали. Мината година Мекларен доминантно ја освои Пол Позицијата во Абу Даби, па Британецот не гледа причина зошто Мекларен не би бил конкурентен и годинава. Неговите надежи се Пол Позиција и многу проблеми на неговите ривали.

Ред Бул има најмногу да изгуби овој викенд. Со оглед на супериорноста на својот болид, поткрепена со 14 Пол Позиции, би требало да ги обезбеди и двете титули. Ако Алонсо и Ферари се поразени, тие можат да си дозволат задоволство од добрата борба, и дека до последната трка не беа отпишани. Хамилтон знае дека неговите шанси во секој случај се минорни. Во тимот на Ред Бул, ако не ја освојат и Титулата во возачи, ќе почнат да се обвинуваат меѓу себе како дозволиле да им се случи тоа, што е лош старт за подготовки за наредната сезона.

Во генерален пласман се зад Ферари, но брзината на својот болид би требало да им ја обезбеди Титулата. Вебер затоа би требало да биде најверојатниот шампион, ако двата Ред Була завршат, но и завршат со "вистинскиот" редослед. Но од друга страна со оглед дека и покрај тоа што го имаат најбрзиот болид скоро секаде, победија само на помалку од половина од трките, не може да се чувствуваат премногу самоуверено.

Значи сите опции се во игра, а за нас гледачите се надеваме дека во недела не очекува супер интересна трка, исполнета со голем број претекнувања меѓу ривалите за титулата, и на крај нека победи најдобриот. Тоа ќе биде одличен крај на оваа сезона, една од најинтересните во историјата на Формула 1 шампионатите.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here