Со оглед дека ова е само втора трка на оваа патека, статистичкиот аспект за неа е незначителен. Yas Marina нуди многу предизвици, и за возачите и тимовите, со остри кривини и зони на силно кочење. Престигнувањето е возможно во кривините со број осум и единаесет, како и не толку лесен последен трет сектор каде и најмалата грешка може да значи губење на позицијата. Yas Хотелот за текот на ГП викендов е распродаден, но доколку некој сака да резервира соба за во понеделник кога е тестирањето на млади возачи треба да знае дека една соба чини од 500 евра на ден.
За првпат во историјата на Формула 1 мотоспортот во последната трка влегуваме со 4 возачи во борба за титулата. Патеката поседува софистициран систем на осветлување, што овозможува трката да започне на зајдисонце и да се продолжи до доцна во ноќта. Светлината е така подесена да се избегне секаква сенка или одсјај од неа на ниво на погледот на возачот. Патека е последен збор на техниката.
Во пресрет на финалето интересни се и следниве статистички податоци, Вебер никогаш не бил пред Ветел по трката во Монца, кога Вебер го помина Фетел поради неговите проблеми со кочниците, но на крајот на трката Австралијанецот повторно заврши зад Германецот. Ветел изгуби мотор во Кореја, а Алонсо имаше слично искуство во Малезија (тоа беше пред 15 трки). Вебер никогаш немаше откажување од механички дефект оваа сезона. Хамилтон има четири незавршени трки во 2010 година и никој во последните 10 години не станал шампион со толку многу откажувања во текот на сезоната.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment