Наша цел е да победуваме постојано!!!
Кои се вашите очекувања од двете преостанати трки оваа сезона?
Михаел Шумахер: Нашата главна преокупација е како да го зголемиме потенцијалот на болидот, како тим да продолжиме да растеме заедно. Никогаш не заборавајте дека ние сме млад тим и релативно мала екипа на луѓе. Значи ние се фокусираме на развој на нашата инфраструктура и да постигнеме да работиме на најефикасен можен начин. Јас лично навлегувам се повеќе и повеќе во сите мали детали. Да, имам големо искуство, но јас бев отсутен од Формула 1 три години и некои работи се променија. Со тек на време собирам се повеќе и повеќе делови од сложувалката кои ја сочинуваат целата слика.
Но со оглед на вашето искуство, а се приклучивте на тим кој е актуелен шампион, беше изненадување што перформансите беа во надолно ниво?
Михаел Шумахер: Мислам дека сите очекуваа дека тимот ќе победува оваа сезона, вклучувајќи ме и мене. Но во реалноста тоа не беше така, причините се многубројни. Во тимот имавме двајца нови возачи, тука беше и влегувањето на Мерцедес, не заборавајте на ситуацијата од минатата година, кога сите ресурси беа фрлени во освојувањето на шампионатот, не подготвувајќи се за оваа година. Резултат на сето тоа е она што го гледате во моментов. Значи годинава постојат многу нови компоненти, кои треба да се развиваат заедно.
Која е вашата прогноза за освојувач на титулата оваа година?
Михаел Шумахер: Најдобри шанси има тој што е понапред во пласманот отколку позади, се разбира, со две трки до крајот. Но, секако не е се готово.
Што е решавачкиот фактор? Дали човечкиот елемент станува се поголем и поголем, како што се доближи крајот на сезоната?
Михаел Шумахер: За мене одлучувачки фактор е развојот на болидот, но и возачот е вклучен, да.
Дали фактот што фокусот го префрли кон 2011 година, го намали товарот на очекувањата од самиот себе и тимот?
Михаел Шумахер: Мислам дека товарот на очекувањата беше симнат многу рано во сезоната, искрено. Јас не мислам дека тоа се смени многу, бидејќи дури и во зимските тестирања немаше добри причини да се има тој оптимизам. Ако ги разгледате моите изјави, никогаш не сум зборувал за освојување на шампионатот. Нико беше малку повеќе оптимистички расположен, но јас предвидов дека работите ќе се одвиваат на овој начин. Имаш алатка во своите раце и знаеш кои се нејзините можности. Затоа секогаш настојував да се запре со овој проект и да се фокусираме на следната година и да имаме мала предност во однос на другите тимови.
Пред Јапонското ГП ти изјави дека Сузука ќе биде тешка патека за Мерцедес, а сепак тоа е вашиот најдобар пласман на сува патека оваа година. Дали тоа значи дека се уште имате многу непознаници во врска со потенцијалот на овој автомобил?
Михаел Шумахер: Јас мислам дека ние имавме оптимизирано подесување на болидот, подобро отколку што беше дотогаш. Вие знаете дека имавме преземено некои чекори на развој во текот на годината кои ги ставивме на болидот, но тие не секогаш реагирааа така позитивно. Мислам дека во Сузука го достигнавме нашиот максимум, како и на трката во Кореја.
Дали сте импресионирани од вашиот тимски колега оваа година?
Михаел Шумахер: "Импресиониран" е погрешен збор, бидејќи мислам дека Нико се имаше докажано и пред неговото пристигнување тука, и тој продолжува да докажува, колку добар и конзистентен возач е тој. Тој го потврди тоа и во Сузука, но ние сме тимски колеги и нема претерување тогаш. Со друг возач тоа би било поразлично и од двете страни.
Дали мислите дека можете да имате пласман на подиумот оваа година?
Михаел Шумахер: Ни треба среќа за да се избориме за подиум. Ние сме зад Ред Бул, Ферари и Мекларен доколку одредени фактори не се во игра, како дожд. Подиумот за Мерцедес природно ќе биде многу добар резултат, но за мене лично, навистина не толку многу, затоа што имам поразлични цели.
Но нели ви недостига вкусот на шампањот...
Михаел Шумахер: Јас сум тука за да имам успех, заедно со тимот. Секогаш да се победува е нашата цел и ништо друго не е важно. Да се има само по некој подиум од време на време, тоа и не е толку важно.
________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment