Ко-сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, изјави дека е подобро да ја загубат титулата во конкуренција на возачи, отколку да издаваат тимски наредби на своите возачи.
Ако Себастијан Ветел заврши пред Марк Вебер во Абу Даби, следниов викенд, Алонсо само ќе мора да заврши на четвртото место да ја запечати титулата. Сепак, тимскиот шеф Кристијан Хорнер веќе јасно стави до знаење дека Ветел и Вебер ќе бидат слободни да се тркаат и да носат сопствени одлуки за тоа дали ќе си помагаат еден на друг во Абу Даби.
"Двајцате се слободни да се тркаат и што ќе биде ќе биде. Ако победи Алонсо ќе бидат несреќни. Јас предвидувам холивудски крај на сезоната, најлошото сценарио е ние да не ја освоиме титулата, но ако се случи тоа, ние ќе го направиме тоа следната година. Нашата филозофија останува иста, бидејќи ова е спорт и треба да остане спорт. "
"Ние нема да манипулираме како што тоа го направи Ферари. Целиот свет ги осуди по она што го направија во Хокенхајм. Но од друга страна ние испаднавме да изгледаме како идиоти затоа што не реагиравме на тој начин. Ние никогаш не сме ни размислувале, и нема да издадеме никакви тимски наредби. Значи подобро да сме на второто место според точните околности, одколку победа врз основа на тимски наредби и потврдувања."
__________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment