Себ пред триумфалната капија
Себастијан Ветел призна дека тој ја гледа својата иднина во Формула 1 во црвената боја на Ферари. Новиот светски шампион имаше доминантна сезона со неговиот Ред Бул RB6, освојувајќи десет Пол Позиции и пет Победи на трка. Сепак, Ветел навести дека би сакал да вози за легендарниот италијански тим или за тимот на Мерцедес ГП по истекувањето на неговиот моментален договор.
"Немам дилема околу тоа, моја желба и цел е да возам за Ферари еден ден", изјави Ветел за Германскиот весник Bild am Sonntag. "Или Мерцедес, уште еден легендарен бренд. Но, во моментов јас сум среќен. Имам уште две години од договорот со Ред Бул и ние имаме големи планови".
Фернандо Алонсо, најблискиот ривал на Ветел, може да разбере зошто повеќето возачи сакаат да се под знамето на Ферари.
"Однадвор тешко е да се замисли задоволството да се биде дел од голем тим како Ферари", изјави Алонсо за Шпанскиот спортски весник-Марка. "Ред Бул? Јас не го чувам во мојот фрижидер бидејќи не ми се допаѓа."
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment