Светскиот совет за мотоспорт на ФИА објави воведување на некои нови правила во овој спорт. Од 2013 година, моторите што ќе се вградуваат во Ф1 болидите ќе бидат со четири цилиндри, 1.6 литарски бензинци со директно вбризгување под притисок(турбо) не поголем од 500 бари, максимум од 12.000 вртежи во минута. Овие промени се со цел да се подобри одржливоста и одговарање на потребите на автомобилската индустрија. Моторите ќе овозможат 35% намалување на потрошувачката на гориво, а поради воведување на КЕРС системот се очекува да се задржи сегашното ниво на перформанси. Во 2013 година ќе бидат дозволени пет мотори за секој возач возачот, но следната година после тоа ограничување ќе бидат четири.
За следната сезона се најавени голем број на промени во спортските и техничките регулативи, како:
- Членот каде се забрануваат тимски наредби (39.1) е избришана, т.е. тие ќе бидат дозволени, но од друга страна ФИА ги потсетува тимовите дека какви било дејства кои можат да донесат штета на овој спорт ќе се казнуваат со член 151c на меѓународниот спортски законик и сите други релевантни одредби.
- Измени во листата на казни кои се дозволени за применување од страна на Стјуардите.
- Ревизија на возењето и однесувањето на возачот.
- Ограничување на ширината на брзата патека во боксот.
- Му се дозволува на директорот на трката да го затвори боксот за време на трката, од безбедносни причини.
- Повторното воведување на интермедиа гумите за 2011 година.
- Казни за било кој возач кој нема да ги искористи и двете спецификации на гумите за суво време во текот на трката.(КАЗНИТЕ ЌЕ БИДАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЈАВЕНИ ВО ПОДЕТАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ФИА КОЈ ЌЕ СЛЕДИ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ДАЛИ СЕ ОТВОРА НОВО МЕСТО ЗА КАЛКУЛАЦИИ?!?)
- Со измените се бара менувачите да се користат за пет последователни трки, наместо на четири.
- Појаснување за тоа кога може да се престигнува безбедносното возило.
- Подобро дефинирање на правилата и регулативите околу новиот заден спојлер, кој од следната сезона ќе се подесува од кокпитот, т.е. возачот.
- Воведување заштитни панели нозете на возачите.
Од 2012 година се планираат следниве измени:
- Радио комуникациите во тимовите во целост ќе бидат ставени на располагање на радиодифузерите.
- Горивото ќе треба да содрши соединенија произведени од биомаса.
- Ограничување на потпирачите за суспензијата.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment