КРАТКИ ВЕСТИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

21 December 2010

КРАТКИ ВЕСТИ


Жером д'Амброзио ќе биде тимски колега на Тимо Глок за наредната сезона. Претседателот на Вирџин Ф1, Ричард Брансон одлучил да го замени Лукас ди Граси, кој не задоволил со својата форма. Белгиецот настапи на петочните тренинзи во Сингапур, Јапонија, Кореја и Бразил, а исто така комплетираше и ден и половина на дополнителните тестови во Абу Даби по завршувањето на сезоната. Се шпекулира дека зад него стои компанијата Gravity Sport, која е во сопственост на Genii Capital, инвестициската компанија која купи дел од акциите на Renault и го ребрендираше во Lotus Renault.

„Сеуште не ми се верува дека обезбедив место во тимот на Вирџин. Тоа е она што го посакував, да бидам дел од Формула 1. Тешко беше да се стигне до ова возачко место, бидејќи конкуренцијата беше голема, но чувствувам дека добро се прилагодивме заедно со тимот. Тие се вистински професионалци и добро момци, кои со голем ентузијазам ја работат оваа работа. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот, но исто така и на Gravity Sport кои постојано се зад мене во мојата кариера,“- изјави пресреќниот д`Амброзио.


-----------------------------------------------------------------------------
Заубер доби нов спонзор, а тоа е компанијата за осигурување Interproteccion, една од водечките осигурителни компании во Латинска Америка. Нивното лого ќе се појави следната сезона на болидот и тимската опрема.

"Со клучните луѓе од Interprotecction се сретнавме за прв пат за време на бразилското Гран При, и ние сме многу задоволни што успеавме да дојдеме до договор многу брзо", рече сопственик и шефот на тимот Питер Заубер.

Interproteccion е втора компанија која се приклучува на овој тим, првата е Telmex. Кога имаш две мексикански компании, логично следуваат и два мексикански возачи. Најверојатно тоа ќе бодат Серхио Перез и Естебан Гутиерез. Перез како прв возач, а Естебан како резервен возач на Заубер тимот.

-----------------------------------------------------------------------------
Според нивниот снабдувач со мотори Cosworth., Вирџин и ХРТ нема да го користат КЕРС системот во 2011 година, а моментално единствен нивни клиент кој ќе користи КЕРС во 2011 година е тимот на Френк Вилијамс. Друг тим кој нема да го користи овој систем е Лотус. Сите овие тимови се заинтересирани за употреба на истиот, но се плашат дека нема да го поднесат финансискиот товар за негово имплеметирање во нивните болиди. Тоа ни сугерира дека и следната сезона "Полжав" тимовите повторно ќе бидат на патеките, и само ќе сметаат на брзите тимови.

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here