
Од како минатиот месец изразија интерес за влез во Формула 1, ако биде воведен ограничениот буџет, од Лола ја формализираа својата намера да се пријават за натпреварите од следната година.
"Лола Групацијата со задоволство најавува дека ќе поднесе пријава за учество во Ф1 за 2010" оваа изјава може да се прочита во нивното соопштение. Нивното последно учество во Ф1 беше во 1997.
ФИА би требало да ја објави прелиминарната листа на учесници за сезоната 2010 до средината на Јуни.
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment