Ферари имал, и се уште има, право на вето на Ф1 техничките правила, барем од 1998. Што значи тоа: Било кој Ф1 технички пропис морал да помине на одобрување кај Ферари, бидејќи ФИА со договор е обврзана тоа да го направи. Оваа најнова сензација се дознава во екот на борбата за иднината на овој спорт меѓу ФИА и повеќето од сегашните Ф1 тимови. Се претпоставува дека оваа информација е пуштена од страна на ФИА, со цел да се обидат да предизвикаат раздор во Федерацијата на Тимови ФОТА. Разгледајте ја оваа можност за тоа како течел состанокот на тимовите, после средбата со ФИА.
"Така значи, сите овие години, вие сте ги влечеле сите конци. Ние изигрававме кловнови во вашето приватно шоу, мислејќи дека се натпреваруваме еден со друг, но само бевме тука за да ви направиме некоја позадина за вас . И сега вие сакате да направиме друго првенство со вас, бидејќи сега не ви се допаѓа кога ФИА изрази желба дека не сака да игра по вашите правила."
За изненадување место да им биде незгодно, бидејќи за тоа се дозна во јавноста, Ферари смирено го потврди тоа, ДА ние имаме вето, па сега поради тоа вето не и дозволуваме на ФИА да го направи она што се обидува да го направи т.е. ограничување на буџетите и двојните правила за тимовите, оние што ќе го прифатат и оние што нема да се придржуваат на овој буџет од 40 милиони фунти.
Моментално работите заглавија во слепа улица. Регулаторната комисија на ФИА го наметна ограничениот буџет. Ферари не може да го прифати, според аналитичарите од причини кои не се потполно јасни, и најверојатно сериозно размислуваат за напуштање на Ф1(Доколку во позадина не е само мамка за вовлекување на новите тимови во мрежата на Ферари). Без Феррари, Ф1 ќе претрпи огромен удар. Ќе треба многу дипломатија и повеќе од добра волја да се најде начин за напуштање на оваа слепа улица.
Во овој момент, Феррари не се чуствува обврзан на договорот за учество во Ф1 до 2012, бидејќи смета дека со предложените прописи за 2010 ФИА го прекршува договорот што го има со нив. Тојота со своето јавно изразување на незадовоство од начинот како се раководи Ф1, практично се стави на страната на Ферари.
Ако сите ФОТА тимови застанат зад идејата на Феррари дека можат и сами без Берни и Макс, тогаш тие ќе имаат надмоќна положба. Но, ова изгледа многу малку веројатно. Според испитувањата во кулоарите за милењето на тимовите за таа идеја, се заклучува дека такво нешто има мали шанси за успех. Ако Лука Ди Монтеземоло не блефира и го повлече Ферари, Тојота им се приклучи, а нив би им се придружиле уште неколку тимови, остатакот ќе останат, а нивните места ќе се потполнат со нови тимови.
Најтрагичното во оваа ситуција е што двете "страни" - Тимовите и Реголаторната комисија - изгледа дека се согласуваат околу тоа што треба да се прави со Ф1, драстично намалување на трошоците и задржување на водечката улога во техничките иновации. Изгледа дека расправаат само за начинот на кој ќе се реализира ова. Но зад фасадата на овие аргументи можно е да биде историското незадоволство од начинот на раководење на Ф1 од страна на Макс и Берни.
Сите овие контраверзи се последица на тајновитиот начин на работа во овој спорт, оваа последна епизода покажа дека тоа не е во ред. На Ф1 не и треба тајно 'право на вето' на еден натпреварувач над сите останати, но исто така нема место за алчноста на Берни и Макс. Овa е време кое историјата може да го оцени како "духовно прочистување" на Ф1 , но изгледа дека тоа не e баш така лесно да се направи.
____________________________________________________________________________________________________________________________
18 May 2009
ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА ФЕРАРИ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment