2009 СИЛВЕРСТОН: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

19 June 2009

2009 СИЛВЕРСТОН: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР

Во пресрет на трката за Г.Н. на Британија, во Силверстон, статистиката го вели следново:

ВОЗАЧИ:
• Фернандо Алонсо ќе го има 97 старт како член на Рено.
• Џенсон Батон, најдобриот пласман овде му е 4-тото место во 2004 година.
• Хејки Ковалаинен лани овде ја забележа својата 1 Пол Позиција, а во трката го освои 5-тото место.
• Фелипе Маса никогаш нема пласман на Подиум во Силверстон.
• Кими Раиконен лани беше на 4-то место, што беше прв пат да не се пласира на Подиум од 2002 година .
• Ник Хајдфелд со освоеното 2-ро место лани го имаше својот најдобар пласман во Силверстон.
• Јарно Трули никогаш не се пласирал повисоко од 6 место, а има и 5 откажувања.
• Адриан Сутил нема забележано пласман во Силверстон.

ТИМОВИ:
• Мекларен нема пропуштено да се пласира на Подиум од 2003, а триумфираше на трките во 2005 и 2008.
• Ферари последната Пол Позиција ја има забележано во 2003.
• Ред Бул нема пласман во бодови.
• Торо Росо нема пласман во Топ 10.
• Рено нема пласман на Подиум, освен победата на Фернандо Алонсо во 2006.
• Тојота како најдобар пласман овде го има 7-то место, 2008 и 2003.
• Вилијамс својата последна Победа во Силверстон ја има во далечната 1997 година, тогаш победи Жак Вилнев(100 победа на Вилијамс), а нема пласман во Топ 10 од 2004.

Последните 6 трки во Силверсто им припаднале на 6 различни возачи:
• Р. Баричело, М.Шумахер, Х.П. Монтоја, Фернандо Алонсо, Кими Раиконен, Л. Хамилтон.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here