Идејата за Бугарско Формула 1 Гранд При е многу блиску да стане реалност, изјавија денес одговорните луѓе од Бугарскиот Авто-Мото Сојуз. Тие денес во Германија, т.е. Нирбургринг, се состанаа со Берни Екелстон за можен 10-годишен договор, и се сигурни дека истиот ќе биде потпишан наскоро.
"Ние сме задоволни од текот на овие преговори со Берни Екелстон" изјавил шефот на организациониот одбор, Румен Петков, за новинската агенција Ројтерс.
"Ги исполнивме сите поставени барања и сега очекуваме Екелстон да ја посети Бугарија во наредните недели. Договорот можеби ќе биде потпишан за време на оваа посета, но да почекаме и да видиме што ќе биде."
Меѓу другото Петков изјави дека патеката која првобитно требаше да биде изградена во близина на градот Плевен, наместо таму ќе биде градена во близина на еден од Бугарските најголеми градови, и тоа Софија, Варна или Бургас. Тоа е затоа што тие нудат најдобари сместувачки капацитети, како и поради нивните напорите за продолжување на туристичката сезона.
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
11 July 2009
БУГАРИЈА СЕ ПОБЛИСКУ ДО Ф1 ТРКА
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment