2009 НИРБУРГРИНГ: ИЗЈАВИ НА ТОП 5 ВОЗАЧИТЕ ПОСЛЕ КВАЛИФИКАЦИИТЕ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

11 July 2009

2009 НИРБУРГРИНГ: ИЗЈАВИ НА ТОП 5 ВОЗАЧИТЕ ПОСЛЕ КВАЛИФИКАЦИИТЕ

.
Марк Вебер:
Ова е многу посебен ден за мене. Ја освоив Пол Позицијата... Бев во непосредна близина на неа неколку пати во минатото, но тоа не се брои. Ние сме овде, тимот прави одлична работа овој викенд. Јас мислим дека болидот работи многу добро, но разговорот со мојот инженер, беше тежок. Q2 беше хаотична, беше тешко да се погоди оно што е потребно за да се пласираш во последната сесија. "

Рубенс Баричело:
"Ми се допадна оваа сесија! Беше многу добро да се имаат вистинските гуми во вистинскиот момент. Сите тргнавме со гуми за суво, и сите се вративме по Интермедиа гуми, кога видовме што се случи со Маса, во кривината 12. Бев во брз круг кога увидов дека не сум на вистинските гуми, влегов во боксот, но немав одговор на радио врската! Одеднаш беа спремни за мене со вистинските гуми, и бев на сигурна позиција. Тоа беше многу добра позиција! "

Џенсон Батон:
"Беше чудесно за сите, Q2 беше лудило! Како и на претходната трка се боревме со температурата на гумите, потоа заврна и настана лудило. Утре ќе биде интересно, влажно-суво-влажно-суво. Со нетрпение ја очекувам утрешната трка. "

Себастиен Ветел:
"Не сум фрустриран, но можев да направам многу подобра работа. Мојот последен круг не беше најсјаен, па затоа не сум во првиот стартен ред. Не го обвинувам болидот, јас сум крив. Кој знае какво ќе биде времето утре, тоа е непредвидливо, ќе видиме. Многу нешта ќе завистат од гумите и како стазата ќе дејствува на нив. Се е возможно, суво, влажно, нешто измеѓу. Тоа ќе биде возбудлива трка утре, кој ќе ја направи вистинската работа во вистинскиот момент ќе биде прв. "

Луис Хамилтон:
"Ако стазата утре остане сува, тогаш ќе бидеме во добра позиција и можеме со сигурност да се бориме за пласман на подиумот. Можеме да се натпреваруваме со Red Bull-те со сигурност. Но сепак, мислам дека ќе имаме влажна трка."
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here