Еди Џордан, шефот на поранешниот Ф1-тим, е првата личност која јавно ја прокоментира одлуката на Шумахер за откажување на враќањето во Формула 1.
Џордан смета дека од страна на Шумахер било премногу неодговорно да го најавува враќањето без да знае дали максимално е подготвен за настап.
Љубителите на Формула 1 останаа разочарани од последните информации, дека Михаел Шумахер, нема да се врати во Ф1 поради повредата на вратот.
„Ленс Армстронг не би се натпреварувал на Тур Де Франс доколку не е 100% подготвен, истото важи и за Шумахер. Но, изненаден сум дека му требаше толку долго време за да ја донесе таа одлука. Се чини дека имал брзина но не и издржливост за два часа возење. Ферари има најдобар медицински тим кој ќе му помогне, но тој не е спремен. Сите сме измамени, сакавме да видиме како ќе се носи со сите тие млади момци.“
На Џордан не му е јасно зошто Шуми мораше да го вози моторот и да го упропасти своето здравје: „Каде му беше паметот кога се возел со тие мотори? Како да има камења во главата!“ - остро критизираше британецот.
„Немојте да се изненадите доколку Маса се врати веќе во Монца.“ - е заклучокот на Џордан, кој не верува дека Бадоер ќе вози до крајот на сезоната.
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
13 August 2009
Џордан: Шуми на измами сите
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment