БАРИКЕЛО ВО ПОСЕТА НА МАСА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

13 August 2009

БАРИКЕЛО ВО ПОСЕТА НА МАСА

Пилотот на Ферари се наоѓа на домашна нега откако минатата недела лекарите од локалната болница Алберт Ајнштајн објавија дека се е во ред со него. После катастрофалниот судир во Унгарија каде што Бразилецот заработи тешка повреда на главата од пружина испадната од болидот на Рубенс Барикело, Маса лежеше девет дена во болницата АЕК во Будимпешта.

Користејќи ја паузата во Формула 1 првенството, Барикело дел од својот одмор го помина во Бразил, каде го посети и својот колега сонародник:

„Поминав цело попладне со Маса. Тој е многу добро и е апсолутно истиот човек како и пред несреќата, тоа многу ме израдува и сум му благодарен на Господ.
Не треба да се избрзува со враќањето на патеката. Важно е дека не му недостига мотив, поминавме многу добро време заедно бидејќи тој се наоѓа во прекрасно расположение“.
_________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here