Фелипе Маса изјави дека не се двоуми за враќање во Формула 1 со Ферари следната година, и покрај сериозните повреди, што тој ги здоби на квалификациите од Голема Награда на Унгарија. Иако несреќата го принуди да отсуствува до крајот на оваа сезоната и покрај серизноста на повредите, Маса цврсто верува дека возењето на Ф1 болидот е единственото нешто што сака да го прави."Се разбира, тоа е мојот живот", изјави Маса во интервју за весникот Гардијан. "За мене, најлошото нешто што ми се случи е тоа што не можам да се тркам. Ако не можете да возите, тоа е страшно. Жена ми, барем 10 пати ме праша: Дали сум сигурен дека не чувствувам никакви сомневања или грижи? Секогаш велам, Не, зашто тоа е она што сакам да го работам".
"Ако не возам тогаш не сум истиот. Уште како од мал трките се мојот живот. Тоа е она што сакам да го работам. И навистина се надевам, и очекувам, дека нема ништо да се промени внатре во мене кога ќе се вратам вококпитот на болидот и повторно ќе давам се од себе да победувам. "
Запрашан дали имаше моменти за време на неговото закрепнување кога тој се двоумел за неговот враќање во Ф1, Маса рекол: "Не, за моето семејство беше многу тешко бидејќи поминаа низ многу нешта. Но, за мене тоа беше помалку од тоа. Кога се случи несреќата сум бил во несвест, а три дена подоцна се разбудив. Во болницата не видов ништо од инцидентот. Имаше само унгарски телевизиски канали. Јас го знаев само она што тие ми го кажуваа. За мене тоа беше чудно, како може опруга од друг болид навистина да го направи тоа на коска од мојата глава?
"Несреќата прв пат ја видов кога дојдов дома на телевизија, исто како вас. Но, имав други несреќи што ме вознемирија многу повеќе. На пример кога ги изгубив сопирачките во Монако, 2002 година, тоа беше една огромна несреќа. Во Барселона имав две несреќи, поради проблеми со суспензијата - и тоа беа несреќи што ме натераа да се замислам. Но, оваа несреќа во Унгарија е како нешто што никогаш не сум го ни видел. Во поглед на оваа несреќа, жена ми поставува само нежни прашања, како на пример: Да не мислаш дека можеби ...? И велам: Не, јас повторно ќе се тркам. Мојата мајка исто така, која ме познава многу добро, понекогаш ме гледа и размислува за тоа прашање, но таа не ме прашува. "
Маса вчера беше подложен на успешна операција за да се вметне титаниумска плоча врз неговиот череп, да го зајакне, за да се врати на трките. Операцијата, во Алберт Ајнштајн болницата, во Сао Паоло, траеше четири и пол часа. По краток престој таму, Маса ќе се врати дома, а потоа почнува неговиот тренинг за неговото враќање во Ф1 идната година.
Тој во интервјуто, што се одржа пред операцијата, откри дека вметнувањето на плочата е она што го спречи неговот враќање на патеките уште оваа година.
"Всушност, јас сум ОК. Единствениот проблем е што ми треба операција за да се затвори една коска во мојата глава која била извадена поради тоа што била целосно оштетена. Нормален човек може да се живее вака, без никаков проблем. Но, за возач, ако се случи некоја несреќа и имате сличен проблем, ќе имате многу тешка ситуација. Затоа ми треба оваа операција за затворање на коската. Бидејќи тоа е единствената причина поради која тие не ми дозволуваат да се тркам уште веднаш. Инаку се чувствувам исто како порано. Ќе одам во Европа за користење на симулатор и возење картинг и тогаш ќе знаеме многу добро, дали јас сум 100% истиот. "
Маса, исто така, вети дека ќе направи напори за подобрување на безбедноста на возачите.
"Треба да направиме некои подобрувања", изјави тој. "Не велам дека треба да ги покриеме кокпитот целосно, но, можеби има некои други работи кои може да ги направиме за да спречиме тркало да го удри возачот во глава. Кога ќе се вратам ова е нешто што сакам да го дискутирам со Чарли Витинг, ФИА и возачите, затоа што сите ние треба да работиме заедно."
Маса се очекува да го се појави на патеките за прв пат по несреќата на трката во Бразил следниот месец.
"Ќе биде тешко да се гледа, а да не се учествува, но јас ќе бидам таму."
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment