Снабдувачот на Формула 1 со гуми Бриџстон мисли дека менаџирањето со нивните гуми ќе биде поголем фактор овој викенд на Големата Награда на Италија отколку што беше во Белгија пред две недели.Во Белгија неколку тимови се бореа за да го извлечат максимумот од меките и медиум гумите, што во многу им помогна на Кими Раиконен и Џанкарло Физикела да ги постават своите најдобри резултати на сезоната. Овој викенд во Монца ќе се користат истите видови на гуми, па директорот на Бриџстон Хирохиде Хамашима, одговорен за развој на овие гуми, смета дека постои можност за подеднакво изненадувачки резултати.
"Како што видовме во Белгија, добрата распределбата на медиум и меки гуми може да донесе интересни резултати," објаснува Хамашима. "медиум гумите се најмеки на повисока работна температура, додека меките гуми се најтврди на пониска работна температура. Ова значи дека нивната комплетна ефикасност може да биде многу слична, но нивните карактеристики се различни. Во Спа видовме дека иси гуми се однесуваат различно на различни болиди, во зависност сет-ап и карактеристиките на возачот, па можеби истата ситуација ќе биде и во Монца. Но, сепак тоа е стаза која е поригорозна кон гумите, така да добриот менаџмент со нив, најверојатно ќе биде голем фактор. "
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment