БМВ објави дека компанијата Qadbak се согласи да го купи Формула 1 тимот со седиште во Хинвил. Германската компанија претходно објави дека ќе престане со финансирање на својот Формула 1 тим на крајот од сезоната, а од тогаш беше во преговори со заинтересирани страни.Денес од БМВ соопштија дека потпишале договор за продажба на тимот на Qadbak, швајцарска фондација која ги претставува интересите на одредени компании од Средниот Исток и Европа.
"За тимот од Хинвил е најден силен инвеститор", се вели во соопштението на БМВ. "Интересите на Qadbak во тимот ќе бидат претставувани од Лајонел Фишер, швајцарски државјанин. БМВ им посакува на Qadbak и Заубер успех на тимот за сезоната 2010 година и понатаму."
Продажбата на тимот, се совпаѓа со одлуката на ФИА за 13-от тим за шампионатот во 2010 година, а тоа е Лотус. БМВ е на листата на чекање за влез во случај ако некој од примените тимови не успее да се трка следната година. Но, од ФИА исто така изјавија дека ќе разговараат со тимовите во врска со можноста за зголемување на стартниот грид до 28 автомобили за да се овозможи тимот од Хинвил да се трка следната година.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment