БРИАТОРЕ И СИМОНДС ВО АУТ, РЕНО НАВИСТИНА МЕСТЕЛ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

16 September 2009

БРИАТОРЕ И СИМОНДС ВО АУТ, РЕНО НАВИСТИНА МЕСТЕЛ

Од тимот на Рено изјавија дека нивниот шеф, Флавио Бриаторе и шефот на инжинерите Пат Симондс не се повеќе членови на нивниот тим и дека тоа нема врска со тврдењата за местење на минатогодишната трка во Сингапур, како и сослушувањето пред Советот за Мото-Спорт следната недела. Тимот беше обвинет за тоа што од возачот Нелсон Пике барале намерно да предизвика судир на минатогодишната трка во Сингапур, со цел да излезе безбедносното возило во период на трката кога победата на неговиот клубски колега Фернандо Алонсо би била загарантирана. Шпанецот подоцна победи на таа трка.

"Рено Ф1 тимот нема да коментира за последните обвинувања од страна на ФИА за Сингапур ГП, 2008 година", се вели во соопштението од тимот. "Сакаме да јавиме дека нашиот извршен директор, Флавио Бриаторе и нашиот извршен директор на инженерството, Пат Симондс го напуштија тимот. Тимот нема да дава понатамошни коментари, пред да присуствува на сослушувањето во Париз на 21 септември 2009 година."

Сите овие обвинувања потекнаа од пријавата на Пике до ФИА во која тој тврди дека Бријаторе и Симондс побарале од него да предизвика намерна несреќа во Сингапур, т.е. дека неговата тешка несреќа во 14 круг од трката беше затоа што тоа претходно било планирано. Излегувањето на безбедносното возило ја донесе првата победа на Рено во таа тешка сезона за нив.

Истражни судии на ФИА ги испрашуваа Бријаторе, Симондс и другите членови на тимот за време на ГН викендот во Белгија, а потоа најавија дека тимот ќе биде сослушан пред Светскиот Совет за Мото-Спорт во Париз на 21 септември. Но докази, вклучувајќи ја изјавата на Пике, телеметријата и радио врските, за време на минатиот викенд во Монца беа објавени во медиумите, настан кој го натера Рено да објави дека ќе преземе правни мерки против Пике и неговиот татко, обвинувајќи ги за уцена.

Но сагата околу овој случај не запре тука, денес имаме уште еден пресврт како последица на тоа што ФИА му понудила целосен имунитет на Симондс во замена за целосно откривање на фактите околу инцидентот во Сингапур. Денешното соопштение од страна на Рено веројатно нема да има некое влијание на сослушувањето следната недела, бидејќи обвинети се тие како тим, а не Бриаторе или Симондс поединечно.

После се ова, дали некој има храброст да каже дека Формула 1 не е местена. Се во интерес на парите. Мора да има комплетна реформа на овој спорт.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here