Сопственикот на Форс Индија Д-р Vijay Mallya рече: "Џанкарло и неговиот менаџерски тим ми пристапија со предлог од Ферари. За секој италијански возач, место во Ферари е сон, па и Џанкарло не е исклучок. Никој не треба да стои на патот на ова. Освен тоа со договорот Џанкарло ќе обезбеди долгорочната иднина со Ферари и би било неправилно да го загрозиме тоа, особено што Џанкарло даде витален придонес во развитокот на Форс Индија ".
Форс Индија не донесе одлука кој ќе вози заедно со Адријан Сутил до крајот на сезоната, иако се очекува дека Витантонио Лиуци да го заземе местото на Физикела.
Физикела изрази благодарност до Форс Индија: "Јас сум многу благодарен на Vijay Mallya што ми дозволи да ја искористам оваа прилика да возам за тимот на Ферари. Точно е дека секогаш сум имал амбиција да го направам ова, и му благодарам на Vijay што дозволи тоа да стане реалност. Се надевам дека помогнав Форс Индија да се развива и тие се на добар пат да го остварат своите амбиции. Тие се сега многу конкурентен тим и им пожелувам сите најдобро. "
Говорејќи во Маранело Физикела рекол: "Јас сум на седмо небо. Уште не можам да верувам, дека сонот на мојот живот се исполни, и сакам да им се заблагодарам на Ферари и претседател Лука Ди Монтеземоло. Во текот на изминатата недела ми се случија некои навистина неверојатни нешта: Бев на пол-позицијата, а потоа второто место во Спа, и сега сум со Ферари да се тркам за нив во последните пет трки од сезоната. Јас ќе дадам сè за да ја оправдам довербата што ми ја дадоа од тимот на Ферари: Знам дека нема да биде лесно, но јас ќе дадам сè од себе да ги донесам најдобрите можни резултати. "
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment