Според информациите на бразилските медиуми, Фелипе Маса бил првиот кој сфатил што се случува кога во 14-от круг од минатогодишната Голема награда на Сингапур Пике се удри во ѕидот и предизвика излегување на сигурносното возило.
„Несреќата“ на Пике во 14-от круг од Големата награда на Сингапур минатата сезона повторно се актуелизира, особено откако што некој близок на бразилскиот возач (а можеби и тој самиот), за бразилските медиуми изјавил дека инцидентот бил предизвикан за Алонсо да стигне до победата.
Еден од првите кои сфатиле за што се работи бил Фелипе Маса, тврди новинарот на бразилската телевизија Глобо, Режиналдо Леме. Потстетуваме дека тогаш Маса се бореше за шампионската титула, за на крајот да загуби токму поради безбедносното возило на трката во Сингапур во која пресудна беше грешката на механичарите кои остадоа да му виси цревото за гориво. Влезе во боксот како водечки, по на крајот остана со „кратки ракави“.
„Излета на чуден начин. Фелипе во истиот момент се упати кон Бријаторе и му рече: таа несреќа не беше во ред, се случи затоа што ти сакаше да се случи!“ - тврди бразилскиот репортер Леме.
Доколку се докаже дека Пике навистина имал намера да се удри во ѕидот, тимот на Рено би можел да биде исфрлен од натпреварувањата во Формула 1.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
07 September 2009
Рено исценирал судир на Пике за победа на Алонсо
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment